Македонија е на 106-то место по квалитетот на патиштата (од 140 земји)

Што се однесува до патната инфраструктура во нашата земја, според годишната листа на The World Economic Forum за квалитетот на патните мрежи на земјите во светот, ние сме на 106-то место од вкупно 140 рангирани земји.

Организацијата The World Economic Forum го претстави својот годишен рејтинг на земјите во светот, направен според квалитетот на патната покриеност. Специјалистите ја проучиле состојбата на патиштата во 140 земји во светот и ги оцениле соред седум критериуми. Во податоците на The World Economic Forum, најдобрите патишта во светот во моментов се француските, а земјата има и највисока оценка – 6,5. Второто место е за Обединетите Арапски Емирати, а третото за Сингапур. Во десетте најдобри влегуваат уште Португалија, Оман, Швајцарија, Австрија, Хонг Конг, Финска и Германија. Најлошите патишта се во Молдавија – земјата има оценка само 1,5, бидејќи на над 40% од патиштата  им треба реконструкција. Не се многу подобри патиштата на Украина на 137 место, а подолу рангирани се уште Монголија, Гвинеја, Романија и Хаити.

Според ова рангирање Македонија е на 106 место со оценка 3,0, а од земјите во регионот зад нас се Србија на 120-то, Бугаруија на 127-то, Босна и Херцеговина на 132-ро… Исто така е направено рангирање и за железничката мрежа, потоа за  инфраструктурата на патиштата, на влезовите во државата, на пристаништа, глобална транспортна мрежа, покриеност со патишта…

- Реклама -