Home Технологија Наука Како мувите постојано се удираат во тврди објекти, а не се повредуваат?

Како мувите постојано се удираат во тврди објекти, а не се повредуваат?

0
Како мувите постојано се удираат во тврди објекти, а не се повредуваат?
Секоја сличност со воен пилот е случајна.

Замислете дека имате пинг-понг топче и сте го наполниле со шлаг. Сега смалете го тоа топче до големина на мува. Сега замислете дека ја фрлате таа мала школка полна со шлаг кон ѕидот. Дури и да ја фрлите најсилно што можете, сепак е толку мала и толку цврста на надворешноста, што само ќе се одбие.

Мувите се супер-мали, и имаат оклоп исто како тоа пинг-понг топче, со тоа што имаат и флексибилни крила. Ако користиш чатал наместо рака, всушност можеш и да го пукнеш тоа топче. Исто и со мувата – можеш да ја смачкаш со ветробранско стакло на автомобил во движење, но не и со статичен прозор.

Егзоскелетот на мувите има одредени точки што се неверојатно цврсти и тврди, а други кои се доволно флексибилни за да се одбиваат наместо да бидат смачкани, како што би бил смачкан еден црв, на пример.

Фактот што мувите се мали исто така придонесува на неколку начини. На пример, ги мислиме за супер-брзи, но само затоа што нé лаже нивната големина. Домашните муви се всушност бавни – летаат со околу 8 км/ч. ;  просечна брзина на трчање на човек е околу 24 км/ч. Додуша, мувите навистина имаат неверојатно брзо време на реакција, ама тоа не им помага многу кога се удираат во прозорско стакло, зашто не можат да препознаат дека воопшто има стакло за навремено да реагираат. Не само што се бавни, туку речиси и немаат тежина. Потребни ви се 20-тина муви за да стигнете до тежината на едно пинг-понг топче (барем според Google).

Сé на сé, тоа значи дека тие мали глупи муви се специјално дизајнирани да се удрат во прозорот неколку илјади пати пред конечно да успеат да го најдат отворот. Еволуција на дело.

Меѓутоа, да бидеме искрени, баш и не е целосно вистинито тврдењето дека мувите не се повредуваат. Еве една со деформирано око. Баш како смачкано пинг-понг топче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here