НЛО-a над Англија?

Повеќе...

Неколку граѓани тврдат дека виделе неидентификувани летечки објекти над Кембриџшир, откако на небото виделе неколку десетици портокалови светла.

Неколку граѓани тврдат дека виделе неидентификувани летечки објекти над Кембриџшир, откако на небото виделе неколку десетици портокалови светла. Сведоците, жители на Хантингдон, наведуваат дека мистериозните летала биле околу 50 на број, а појавата ја воочиле завчера вечерта, околу 23 часот. 
 
nlo.jpg
 
Скот Бозвел (37), бивш пилот и банкар, успеал да направи неколку снимки и фотографии. Најпрво забележал три светла како прелетуваат над неговата куќа, како што вели тој на околу два километри оддалеченост, а не ни помислил што би можело да биде. Веднаш потоа забележал силни и долги светла како доаѓаат од Брамптон и се упатуваат кон Стакили Медоус. Неколкуте фотографии што ги направил се матни, меѓутоа тој е сигурен дека не станува збор за авиони. Немало бучава, ниту навигациони светла, а нивната формација и висина на која се наоѓале била константна, сѐ додека не исчезначе од видикот. Бившиот пилот не мисли ни дека станува збор за метеоролшки балони, кои обично се објаснување за необичните објекти на небото. 
Сопствениците, пак, на еден мотел во Хантингдон велат дека виделе педесетина портокалови светла на небото. Личеле на флота. Немало звук. Патувале во групи по 15 на секои 5-6 минути. Не биле ниту балони ниту авиони, изјавиле тие. Секој бил голем колку една зграда. 
Пилотот додал дека објектите не биле на висина поголема од 900 метри. Уште еден пак сведок изјавил дека избројал 35 светла на небото. 
- Реклама -