Фејсбук воведе „реакции“ и на коментарите

Десктоп корисниците на Фејсбук отсега можат да ставаат „реакции“ и на коментарите. Работи на ист принцип како и кај обичните објави.

Наскоро се очекува и во мобилната верзија, а тоа е поткрепено со фактот што од пред околу еден месец и Facebook Messenger располага со опцијата на реакции на обичните објави.

So yeah, уште да воведе реакции на реакциите, и евентуално реакции на  реакциите на реакциите, и ќе можеме да ги фрлиме тастатурите и да коментираме само со маус.

- Реклама -