Обединетите Арапски Емирати ќе влечат санти мраз од Антарктикот?

ОАЕ имаат проблем со недостаток од вода за пиење. Убедени се дека имаат и решение.

Компанијата National Advisor Bureau Limited планира да го снабдува регионот со чиста вода од санти мраз што ќе ги влече од Антарктикот, до обалата на Фуџаира.

Мапа, за да имате претстава:

Просечно голема санта мраз содржи повеќе од 80 милијарди литри вода, што е доволно за преживување на милион луѓе во период од 5 години, вели директорот на компанијата – Абдула Ал Шехи. Тој не ја отфрла и можноста дека ледниците ќе создадат микроклима и ќе донесат и дождови во тоа сушно подрачје.

Проценките се дека за довлекување на санта мраз од Антарктикот до бреговите на ОАЕ ќе биде потребна година и нешто. Проектот ќе започне во 2018-та година, најави компанијата.

Глетката на санти мраз крај бреговите на земјата, вели Ал Шехи, би можела да стане и туристичка атракција, а додаде и дека „водата од тој мраз е најчистата вода на светот“ (која некои ја продаваат и по 100 долари од шише).

Целава работа повлекува низа прашања. Прво, како така ние појма немаме дека кој сака може да си земе мраз од Јужниот Пол ко да е од фрижидер? Колку други земји ќе почнат да го прават истото? Второ, сега е за пиење, после ќе им треба за нешто друго. Кога ќе биде доста?

- Реклама -