Како изгледа смртта од бојниот отров сарин

Жртвите на нападот во Сирија покажуваат симптоми кои, во некои случаи, одговараат на реакција на боен отров, објави во средата Светската здравствена организација (СЗО). „Се чини дека некои случаи покажуваат дополнителни знаци кои се во склад со изложеност на органофосфорни хемикалии, категорија на хемикалии кои ги вклучуваат бојните отрови“, објаснува СЗО, проценувајќи го бројот на мртвите на најмалку 70.

САД објавија дека станува збор за отровот сарин, пуштен од сириски авион. Русија пак, верува дека отровниот гас истекол од бунтовнички слад за оружје, кој бил погоден од сириските бомби. Портпаролот на руското Министерство за одбрана не кажа за кој отров станува збор, но потврди дека тоа е истото хемиско оружје што бунтовниците го користеле и во Алепо минатата година.

Во меѓувреме, од терен стигнуваат неверојатно потресни снимки од жрвите. Се работи главно за цивили, а се претпоставува дека меѓу нив има и десетици убиени деца. Во разговорот за Yahoo News, докторот Мохамед Мансур вели дека веројатно се работи за сарин – смртоносен боен отров чија употреба е забранета уште од раните ’90-ти години на минатиот век.

Што е сарин?

Сарин е всушност течност, но многу лесно преоѓа во гасовита состојба, и тогаш е уште поопасен. Најчесто ги убива жртвите во рок од 10 минути од контактот, а дури ни итното лечење веднаш по контактот не гарантира дека жртвата ќе преживее. Првите симптоми се течење на носот, чувство на стегање во градите и стеснување на зениците. Наскоро жртвата има проблеми со дишењето, почнува да има чувство на мачнина, и почнува да се лигави, бидејќи губи контрола над мускулите. Набрзо телото ја губи контролата и врз дигестивниот и уринарниот тракт, и жртвата почнува да повраќа и уринира. Потоа следи фаза пропратена со неконтролирано тресење на мускулите, а наскоро жртвата паѓа во кома. Од таа кома никогаш не се буди, бидејќи се задушува како резултат на грчевите.

Сето ова може да се случи во период од 1 до 10 минути.

Истражното тело за кршење на човекови права на Обединетите Нации претходно објави дека силите лојални на сирискиот режим повеќе пати користеле смртоносен хлор.

Докторите од терен велат дека се изнагледале доволно хлор, и дека ова дефинитивно не е хлор.

[spoiler title=’Сериозно потресни видеа и слики, исклучиво за тие со силен стомак (кликнете тука)’ style=’default’ collapse_link=’true’]

ВИДЕО

[/spoiler]

 

- Реклама -