Уникатни спа центри

Лековити извори и ритуали за прочистување ги привлекуваат луѓето до центрите за релаксација. Луѓето сега имаат пристап до голем број спа третмани но најдобрите спа центри ги нудат своите услуги во уникатна средина.

Historic Ferryboat Spa

Bota Bota е конвертиран ферибот кој носел патници од Сорел до Бертие во Квебек педесетите и шеесетите. Фериботот станал спа центар во Стар Монтреал пред неколку години.

Нишањето на реката Сејнт Лоренс ги опушта гостите на петте палуби во кои има бања со пареа од еукалиптус, џакузи на отворено, релаксирачка градина. Свежиот воздух, прекрасниот поглед и придобивките од водата го прават Bota Bota доста привлечен спа центар.

Floating Garden Spa

Ако барате еколошко место за релаксација тогаш не мора да барате подалеку од сопствен остров. Овој лебдечки спа центар е креација на холандските архитекти Студио Ноах и Ен Холтроп. Островот е преполн со зеленило дизајнирано од експертот за вертикални градини Патрик Бланк.

На островот има лековити бањи, сауни и соби за разни третмани. Околната вода создава совршен хидропонски систем и создава средина која ги подржува растенијата кои создаваат кислород и привлекуваат птици, пеперутки и инсекти. Островот плови поради материјал создаден од рециклиран стиропор кој помага и во терморегулацијата.

Healing Salt Caves

Ова изгледа како психоделична земја на слатки, но пештерите Галос во Чикаго се спа центар кој нуди автентична морска микроклима. Лековитите ефекти ги имитираат оние на Црното Море. Клистализираната сол има розов отсјај и лесен цветен мирис.

Пештерите не се природна формација, со исклучок на природната сол. Процесот на градење е базиран на технологија создадена од украински научник пред 20 години.

The Blue Lagoon

Сината Лагуна е популарна атракција поради лековитите води (со над 400.000 посетители годишно). Тука на посетителите им е овозможен контакт со природата во шест милиони литри геотермална морска вода. Спа центарот е сместен во прекрасната, и некогаш екстремна средина на полињата со лава во Гриндавик, на полуостровот Рејкјанес.

„Гостите всушност се релаксираат помеѓу Евроазија и Америка бидејќи тектонските плочи се спојуваат кај Сината Лагуна“ пишува на сајтот на спа центарот кој има неверојатни лековити моќи.

- Реклама -