Војната не е пекол

Мал контра-аргумент за тие што ја споредуваат војната со пекол:

Командант Hawkeye: Војната не е пекол. Војната е војна, а пеколот е пекол. И од нив две, војната е многу полоша.

Отец Мулкахи: Како знаете, Hawkeye?

Hawkeye: Лесно, оче. Кажете ми, кој оди во пеколот?

Отец Мулкахи: Грешниците, верувам.

Hawkeye: Точно така. Нема невини набљудувачи во пеколот. E па војната е полна со нив – мали деца, инвалиди, стари жени. Всушност, освен некои расипани копилиња, речиси сите други инволвирани се невин гледач.

Цитат од M*A*S*H

PS. Фотографијата е од американски војник во Фалуџа, позната како „Marlboro Man“. Кога ја пренесоа медиумите во 2004-та, стана симбол за конфликтот во Ирак. Војникот, во меѓувреме, се врати дома во Кентаки, но се бори со демоните на поствоениот синдром.

- Реклама -