100 години климатски промени на Арктикот: Пред и потоа

Во 1900-тите години, арктичките глечери беа мистериозни и неоткриени чуда на природата. 100 години истражувања подоцна, Арктикот стана потсетник за ефектот на климатските промени.

Кристијан Аслунд – шведски фоторепортер кој работи за „Гринпис“, собрал неколку стари фотографии од глечерите во Свалбард, Норвешка, и ги споредува со неговите фотографии од истите локации, направени во 2002 година.

Фото-серијата ја промовира #MyClimateAction – кампањата на National Geographic која треба да поттикне дискусија околу климатските промени. Од друга страна, претставува и протест против норвешките нафтени компании, кои продолжуваат да бушат во растопениот Арктик.

- Реклама -