Без разлика дали се на пазарот за светкав луксузен или пак бараат цврсто семејно возило, сите купувачи на автомобили имаат заедничко нешто: Тие не сакаат да возат лоши автомобили. Затоа извештаите внимателно го анализираат и оценуваат секој автомобил што излегува на пазарот, а сопствениците на автомобили прават се за да ги споделат своите одговори.
Магазинот thedelite.com состави листа на автомобили кои постигнаа многу низок резултат врз основа на исказите од потрошувачите, новинарите и секојдневните возачи како вас. Тие велат дека целта е да им се помогне на купувачите кои планираат да купат возило наскоро.
На листата се најдоа 25 модели на автомобили. Голем дел од нив се ретко присутни на македонскиот пазар. Помеѓу оние кои се позастапени и побарани на пазарот во Македонија порталот ги издојува: Jeep Wrangler, Volkswagеn Tiguan, Fiat 500, Land Rover Discovery, Jeep Compass, Jaguar XE.
За последниот од нив, JAGUAR XE вели дека и покрај тоа што овој автомобил ќе ви „изгори“ голем дел од буџетот, тој е прв на листата на најлоши седан лускузни возила. Гледајќи во својата класа сигурно на тие пари може да најдете подобар избор.
За Јeep compass наведуваат дека овој автомобил е на првото место за најлоши СУВ автомобили, според мислењето на потрошувачите, а ова се темели на сериозниот проблем со сопирачки кој го има овој модел.
Land Rover Discovery го сместува на листата на најлоши лускузни СУВ возила, додека италјанскиот FIAT 500 е сместен на првото место на листата на најлоши возила во оваа класа.
Сериозни безбедносни забелешки се пронајдени од експертите и кај германскиот Tiguan кој има сериозни проблеми со задната суспензија, електронската табла со команди. Истовремено откриено е дека Tiguan има неточни ознаки на опрема, што може да доведе до неправилно и небезбедно одржување на гумите.