25 години Симпсонови и 10 супер факти за нив

По повод 25 годишнината од почеокот на емитувањето на веќе култната серија „Симпсонови“, ви откриваме 10 супер интересни факти за најпознатото семејство. Инаку, новата 26 сезона во Америка започна да се прикажува на 28. септември.

1. Во воведната сцена Меги е како роба од 847, 63 долари, бидејќи во 1989 година, толку чинело месечното издржување на бебе.

2. Во 20 сезона од емисијата, која започнала со емитување во 2009 година, дошло до замена на нејзините вредности. Намирниците чинеле 243, 26 долари, а со Меги нивната вредност се зголемила за половина и чинела 486, 52.

3. Кога Барт на шега се јавува во кафеаната, тој го бира бројот 764 – 84377, што е една цифра повеќе од она што треба да има американски број.

4. Дали некогаш сте се запрашале зошто жителите во Спрингфилд се жолти? Создавачот Мат Горенинг го дава одговорот: „ Кога гледачите ги листаат каналите и блесокот на жолта боја свети од телевизорот, тие знаат на кој канал се наоѓаат Симпсонови.

5. Во арапската епизода, Хомер наместо пиво пие сода бикарбона, а наместо виршли јаде говедски колбасици. Причината е да се вклопи во исламските обичаи.

foto: promo

6. Иако ликовите во серијата имаат еден прст помалку, само еден лик во епизодите ги има сите пет – Бог.

7. Потребно е помеѓу 6 и 8 седмици за да се создаде една епизода.

8. Лиза го прослави својот осми роденден, во две различни епизоди.

9. Дали некогаш сте се запрашале кој го произведува звукот кога Меги цица. Тоа е Мат Гроениг.

10. Барбара Буш еднаш изјави: „ Симпсонови се најглупавото нешто што некогаш сум го видела“.

foto: promo

 

- Реклама -