25 дизајнери на Дизајн маркет во Јавна соба

Бројот на современи креативци, во чии производи е компримиран нивниот авторски печат се зголемува. Внимателно направениот избор на учесници е со единствена цел да се поддржи занаетчиство на оригинални производи.

Продуктите се оригинални, со потпис од познати македонски ракотворци: Монкдолс, Витрум студио, Вудис, Ларго, Елена Ристовска, Ваша мала башта, Епокси, Солар криешнс, Панорамикс, Мамка, Игнеа Козметикс, Цип/Ред, Гаиа, Слога, Зен Зил, Монозеро, Кејт Стардаст, Глигор Кузмановски, Добро ми стои, Блум, Сербез, Стичми везење, Сираледер, Азсу Аксесориз и Софија Огњановска.

Овој настан е во рамките на „Скопје дизајн вик”, кој завршува во недела со забава во Литертура.мк во Дајмонд мол, со DJ Дарко Марковски.

„Скопје дизајн вик” е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на „Миксер” од Белград, „What Design Can Do” од Амстердам, „Барселона дизајн вик” и Австрија „Дизајн”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под мотото Next Gen Design.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.

- Реклама -