Зошто индиските трговци ги бојкотираат Pepsi и Coca-Cola

Повеќе од 1 милион трговци во регионот Тамил Наду во јужна Индија ги бојкотираат Coca-Cola, Pepsi и другите големи брендови кои произведуваат газирани пијалоци. Причината е што компаниите, особено овие двете, ја „цицаат“ малата резерва на вода со која располага земјата.

Индија минува низ многу сушна година. Во јануари, шефот на министрите на Тамил Наду – O Panneerselvam, ја прогласи земјата за „погодена од суша“, и побара од централната влада да фундира помош за земјоделците, кои редовно се соочуваат со проблеми околу наводнување на земјата.

Во меѓувреме, според пресметките на невладината India Resource Centre, која ги поддржува движењата против „корпоративната глобализација во Индија“, за производство на едно мало шише Кока-Кола, компанијата троши по 1.9 литри вода.

Другиот огромен проблем со компаниите како Coca-Cola и Pepsi е огромната побарувачка на шеќер, потребен за производство на засладените пијалоци.

„Шеќерната репка е култура што цица многу вода. Тоа е погрешната култура за Индија“, вели Амит Сривастава – директорот на India Resource Centre.

Според нивните податоци, Coca-Cola е број еден, а Pepsi е трет најголем купувач и потрошувач на шеќерна репка во Индија. Ако се земе водата потребна за одгледувањето на шеќерната репка што ја користат Coca-Cola и Pepsi, излегува дека производството на шише Кока-Кола чини 400 литри вода.

Двете компании директно не се огласија на бојкотот, но тоа го направи Индиската асоцијација на пијалоци (IBA), која ги застапува Coca-Cola и Pepsi заедно со другите големи компании за напитоци. Тие рекоа дека се разочарани од бојкотот и практично ја испинуваа ситуацијата, наведувајќи дека „Coca-Cola и PepsiCo India овозможуваат директно вработување за околу 2.000 семејства во Тамил Наду, а индиректно – на повеќе од 5.000 семејства“. Рекоа дека се надеваат дека „разумот ќе преовлада“ и дека купувачите „ќе го зачуваат правото на избор во Тамил Наду“ – алудирајќи дека отсуството на Coca-Cola и Pepsi од полиците во маркетите и продавниците го ограничува таквото право на луѓето.

Побарувачката на газирани пијалоци значително опадна од јануари наваму, а многу од трговците и трговските компании што не се дел од IBA самостојно одлучија да не набавуваат и продаваат залихи од странските брендови.

Бојкотот може да е само почеток на неволјите за Coca-Cola и Pepsi во нивните намери да се прошират во Индија. Индиската влада навести и дека би можела да воведе „данок на грев“, кој ќе се однесува на засладените пијалоци, што уште повеќе може да го попречи растот.

„Екстремно е нефер одредени поединци и организации да пропагираат лажни информации“, рече генералниот секретар на IBA – Арвинд Варма. „Овие потези се застрашувачки за имиџот на земјата и долгорочните интереси на индиската економија“. Притоа пропушти да каже колку застрашувачка е ескплоатацијата на компаниите како Pepsi и Coca-Cola по долгорочните залихи на вода на Индија.

Дел од протестите во 2016-та во Бангалор околу диверзијата на водата од сушниот регион на Тамил Наду.
- Реклама -