Кој е најважен член на бендот?

Тапанарот, гитаристот, клавијатуристот или пејачот? Поставете му го ова прашање на обичен смртник и мозокот ќе почне да му чури, макар и решително да ти одговори дека е пејачот (или некој друг).

Научниците немаат таков проблем, бидејќи располагаат со клучните информации. Ги добија во едно ново истражување спроведено на универзитетот Northwestern, кое открива дека најважен член на секој бенд е всушност басистот.

Човечкиот мозок најлесно го разбира ритамот со низок тон – како што е басот, објаснуваат научниците. Тие открија дека песните со повеќе бас кај слушателот предизвикуваат чувство на моќ и самоувереност. Освен тоа, луѓето повеќе играат, тапкаат со ногата, и воопшто подобро реагираат, на ритам во песни со поистакнат бас, отколку, на пример, гитара или тапани. Така да, нека не се цепаат многу многу тоа пејачите.

- Реклама -