Откачена симулација во прво лице што ќе ви долови колку е голема вселената

Светлосни години, дистанци, бројки – на нашиот мозок баш и не му помагаат да го замисли реалниот размер, прво на нашиот сончев систем, па на соседните соѕвездија, па на галаксијата, па дури потоа на вселената, ако смееме така да се изразиме (зошто е бескрајна и невозможно е да ја замислиме). Згора на тоа, постојано читаме дека научниците откриле таа и таа нова планета, дека нашле „втора Земја“, дека е вселива… и сé тоа ни дава ирационално чувство како другите планети да се сé поблиску и поблиску. Ама ич не е така.

Да, сме виделе обиди реалниот размер да се прикаже во видео симулации, кои преку одзумирање се обидуваат да ги споредат големините и дистанците меѓу планетите. Но, оваа симулација е поинаква. Оваа ти овозможува ти да скролаш за да одзумираш. А луѓето мразат да скролаат. Кога ќе видите колку скролање треба само за да „излезете“ од нашиот Сончев систем, почнувате полека да сфаќате колку сме всушност далеку од сé друго во вселенава.

Повелете во интерактивна симулација на нашиот ѕвезден комшилук, во која над 100.000 ѕвезди се поставени во своите реални позиции. Со зумирање ќе откриете 87 големи ѕвезди, и нашиот соларен систем. Прво кликнете на „Launch Experiment“, а потоа кликајте, влечете и скролајте за да навигирате во просторот. Користете го и слајдерот од десно. И уживајте.

- Реклама -