Опуштете се брзо и ефикасно

Стресот доминира со нашите животи, во секое време и речиси на секое место. Затоа, потребни ви се итен одмор и опуштање…

Присетете се на стиховите од вашата омилена песна

Ставете му ја на мозокот на располагање вашата омилена песна, рецитирајте ги стиховите во себе и така ќе се оддалечите стресните мисли.

Конзумурајте сок од порокал или лимон

Овие овошја содржат голема количина на витамин Ц кој го намалува лачењето на стрес хормонот кортисол. Нивното често конзумирање придонесува за одлично расположение.

Поиграјте си со вашето милениче

На луѓето кои веќе имаат домашно милениче нема потреба многу да им објаснуваме како играњето со него делува врз човекот. Многу студии докажале дека играњето со домашното милениче повеќе ослободува од стресот отколку дружењето со најдобриот пријател.

Бидете физички активни

Не мора ревносно да спортувате, доволно е да го земете вашиот велосипед и да свртите неколку круга во вашето маало. Доволни ви се 30 минути за да се опуштите.

Базен и пливање

Нема подобро опуштање од пливањето во базен и дружењето со пријателите на вакво место. Пливањето е темелен ослободувач на стресот, а ако не верувате, едноставно пробајте.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -