Хенри „Црна Смрт“ Џонсон

Хенри Џонсон ѝ се приклучува на американската армија во 1917 година, и е распределен во 369-тата пешадиска единица на Њујоршката национална гарда. Тоа е воедно и првата целосно афро-американска единица, подоцна наречена и прочуена како Harlem Hellfighters (во буквален превод „пеколни борци од Харлем“).

Во 1918 година, Харлем Хелфајтерс биле во Франција, а добивале само некои банални задачи, како истовар на бродови или копање дупки и ровови – само затоа што биле црнци. Сепак, француските офицери увиделе одредени квалитети, па американската им ги позајмила Хелфајтерс на француската армија.

Една недела подоцна, сега веќе наредникот Џонсон и неговиот пријател – поручникот Робертс, чувале ноќна стража во ровот. Биле нападнати од вод од триесетина Германци. Двајцата биле погодени од шрапнели од гранати, Џонсон бил застрелан и со сачмарка во градите, а Робертс два пати застрелан со пиштол.

Германците влетале во ровот и го грабнале Робертс како заробеник. Хенри Џонсон успеал да стане и почнал да ги гони. Притоа отворил оган и убивал и ранил неколку Германци, но и бил застрелан уште неколку пати. Кога пушката му се закочила, тргнал во борба гради в гради и притоа со кундакот претепал еден Германец до смрт. Буквално го искршил кундакот од Германецот. Останувајќи и без него, го извадил својот (тип French Bolo) нож и тргнал во напад на германските позиции. Со ножот и со голи раце убил 24 Германци, по што го нашол поручникот Робертс и го одвлечкал на безбедно.

Засилувањето стигнало дури следното утро. Имале што да видат: 30 мртви Германци, и двајцата Хелфајтери како седат покрај камперски оган и пеат песни. Оттогаш, Џонсон го добива прекарот Црна Смрт.

За воените акции на Хенри Џонсон, Франција му доделува Croix De Guerre („воен крст“) за хероизам и храброст. Џонсон умира во 1929 година, од миокардитис. Во 1996-та, постхумно се разбира, американската армија му доделува и Пурпурно Срце. Во 2002 добива и Distinguished Service Cross – втората најголема американска почест.

Ако не ви се верува што има човеков направено, читнете повеќе за Хелфајтерс. Целата единица е таква.

 

- Реклама -