Ирма Гресе – Хиената од Аушвиц

Жените чувари во нацистичките логори никогаш не се прославија како нивните машки колеги, но не значи дека ги немаше, а уште помалку значи дека беа помалку сурови.

Од околу 37.000 чувари кои активно соучествувале во претепувањата, мачењата и убивањата на логорските затвореници, околу 10 проценти биле жени. Повеќето од нив ги стигна правдата, па по војната беа погубени како воени злосторници.

Една од најозлогласените е Ирма Гресе, чуварка во Аушвиц и Берген-Белсен, веројатно меѓу тамошните многу попозната како Хиена или нешто во стилот на „Лепи ѕвер“ (жаргонски речено). Прекарите сами говорат како ги заработила. Уживала во бруталните методи кои ги применувала врз затворениците во логорите. На нејзиното судење, сведоци раскажуваа како знаела да тепа луѓе додека не паднат мртви. Заштитен знак ѝ бил камшикување со кожен ремен. Ги тепала затворениците на голо, додека кожата не им распука. Друга омилена активност ѝ била и да им ги пушта своите изгладнети и агресивни кучиња.

Можеби и насетувате, Гресе и официјално била ментално пореметена. Потекнувала од семејство со долга историја на душевни болести. Мајка ѝ се самоубила, и тоа пиејќи киселина, откако дознала дека сопругот ја изневерува со собарката. Гресе не била ни многу интелигентна, а заради тоа другите деца на училиште често ја малтретирале, па веќе на 14 години го напуштила училиштето и се приклучила во нацистичката младина, поточно во Лигата на германски девојки. Брзо ги освоила симпатиите на претпоставените, па веќе во 1942 година станала чувар во Аушвиц.

А таму, откако ќе им распукала кожата на тепаните и камшикуваните затвореници, Гресе имала навика да мастурбира додека докторите им ги превивале раните. Освен тоа, во логорот имала многу љубовни афери со другите чувари. Во една таква останала и трудна, но натерала еден од затворениците – инаку доктор, да го обави абортусот.

По 53 дена судење и бројните сведочештва на поранешни логораши, Ирма Гресе е осудена на смрт со бесење.

- Реклама -