Геоинженеринг решение за глобалното затоплување?

Ова лето имаше рекордни топлотни бранови и неверојатни суши а експертите предупредуваат дека работите само ќе се влошуваат.


Неколку научници повикуваат на драматично решение – вклучувајќи и “cloud brightening” процес кој подразбира исфрлање солена вода во атмосферата за да се создадат масивни облаци кои ќе опстојуваат подолго. Идејата не е ништо ново, но во нова студија се инсистира дека оваа идеја мора да биде имплементирана и дека мораме веднаш да започнеме со тестирање на концептот.

Атмосферскиот физичар Роб Вуд предложува тестирање на концептот во мал размер, стратегија која би ни дала важни научни информации и би помогнала со намалување на стравот кој ги опкружува предлозите за геоинженеринг. 25 други научници ја подржале идејата.

Според тоеријата (и компјутерските симулации), создавањето на морски стратокумулуси со големи количини на честички од солена вода би можело да има значајно влијание на долговечноста на облаците и на количината на светлина која тие ја одбиваат. Ако ова биде успешно извршено резултатот би бил ефект на ладење.

Вуд и неговите колеги предложуваат пристап во три етапи за проценување на можноста за спроведување на овој процес. На почетокот проектот ќе започне со испраќање на специјални бродови кои ќе исфрлаат солена вода високо во воздухот. Потоа, авиони опремени со сензори ќе ги анализираат физичките и хемиски карактеристики на честичките и нивното ширење.

Во втората фаза, научниците ќе го набљудуваат формирањето на облаците и колку долго опстојуваат. Во последната фаза на експериментот, тимот ќе испрати пет до десет бродови во регион од околу 100 километри за да создадат доволно голем облак кој би бил следен од сателити. Изведувањето на експериментот на овој начин би имал минимално влијание врз животната средина. [Bill Gates’ cloud-whitening trials ‘a dangerous experiment’]

- Реклама -