Министрите на Канада

CztNS1xXAAAx-vU[1]

Канада може да се пофали со квалификувани министри, барем на хартија, како никој друг. Деновиве овој податок е особено вирален и споделуван на социјалните мрежи ширум светот, а еве и зошто.

Од изборите во 2015-та, владиниот кабинет изгледа вака:

– Министер за здравство: Доктор
– Министер за транспорт: Астронаут
– Министер за национална одбрана: Сик ветеран
– Министер за млади: Помлад од 45
– Министер за агрикултура: Поранешен фармер
– Министер за јавна безбедност и подготвеност за кризи: Поранешен извидник
– Министер за иновација, наука и економски развој: Финансиски аналитичар
– Министер за финансии: Успешен бизнисмен
– Министер за правда: Поранешен јавен обвинител и лидер на First Nations (здружение на домородните малцинства во Канада)
– Министер за спорт и луѓе со хендикеп: Параолимпиец со оштетен вид
– Министер за риболов, океани и крајбрежна стража: Инуит (практично канадски Еским)
– Министер за наука: Медицински географ со докторат (научник кој ги проучува ефектите на климата врз здравјето)
– Министер за имиграција, жителство и бегалци: Имиграционен критичар

Во владиниот кабинет на Канада, освен што има научници, има и 50% жени.

- Реклама -