Луѓето имаат многу повеќе од пет сетила

5-senses-2[1]

Општото мислење е дека луѓето имаат пет сетила. Но всушност, имаат најмалку 9 сетила, а повеќето од научниците сметаат дека имаме околу 21 сетило.

Колку за почеток, да дефинираме што е „сетило“. Генерално прифатена дефицинија е дека сетило е секој систем што се состои од група сензорни типови клетки, кои одговараат/реагираат на конкретен физички феномен, што пак кореспондира со одредена група од региони во мозокот, каде сигналите се примаат и интерпретираат.

­Консензус меѓу научниците има околу следниве човечки сетила:

1. ВИД: Видот технички е две сетила, со оглед на тоа што вклучува два различни типа на рецептори – еден за боја, и еден за светлина.

2. ВКУС: Некои сметаат дека вкусот всушност се пет посебни сетила, пред сé заради различните типови на рецептори: за благо, солено, горко, кисело и умами (читај: вкусно). Сепак, генерално на нив се реферира како на едно сетило.

За тие што не знаат, рецепторите за умами ја детектираат амино киселината глутамат, која е вкус кој обично се наоѓа во месото и некои вештачки вкусови.

Сетилото за вкус, за разлика од видот, е сетило базирано на хемиски реакции.

3. ДОПИР: Во меѓувреме, науката покажа дека сетилото за допир е различно од притисокот, температурата, болката, или од сензорите за чешање/иритација.

4. ПРИТИСОК: Самото „име“ си кажува за што се работи. Нема што да се додаде.

5. ЧЕШАЊЕ/ИРИТАЦИЈА: Изненадувачки, ама се покажа дека ова е посебен сензорен систем од другите системи поврзани со допирот.

6. ТЕРМОЦЕПЦИЈА: Способност да се чувствува топло и ладно. И за ова се смета дека е повеќе од едно сетило. Тоа е така не само заради двата типа рецептори – за топло и ладно, туку и затоа што има комплетно различен тип на термоцептор, во смисла на механизмот на детекција, во мозокот. Овие термоцептори во мозокот служат за мониторинг на внатрешната температура на телото.

7. ЗВУК: Или со други зборови, детектирање на вибрации преку некој посредник (како што е воздух или вода) кој е во допир со ушните тапанчиња.

8. МИРИС: И овие сензори работат на принцип на хемиска реакција. Ова сетило работи во комбинација со сетилото за вкус, за да продуцира вкусови.

9. ПРОПРИОЦЕПЦИЈА: Ова сетило ни дава способност да знаеме каде ни се деловите од телото, во релација со останатите делови од телото.

Ова е сетилото што полицајците го тестираат кога ќе запрат некој за кого се сомневаат дека вози пијан, на пример. Она „затвори ги очите и допри си го носот“ е тест наменет баш за проприоцепцијата.

Инаку како сетило го користиме цело време, на различни „скриени“ начини, како кога ќе се почешате по ногата без воопшто да погледнете дали раката ви е на местото каде што ве чеша.

10. ТЕНЗИЈА/ЗАТЕГНАТОСТ: Овие рецептори се наоѓаат во мускулите, и му овозможуваат на мозокот да ја мониторира нивната затегнатост.

11. НОСИЦЕПЦИЈА (nociception): Со еден збор, сетило за болка. Порано се сметаше дека чувството на болка е едноставно резултат на преоптоварување на другите сетила, како тоа за допир, но се покажа дека не е така и дека наместо тоа, сетилото за болка е свој засебен уникатен сензорен систем. Има три различни типа на рецептори за болка: кожни (во кожата), соматски (коските и зглобовите) и висцерални (органите на телото).

12. ЕКВИЛИБРИОЦЕПЦИЈА (рамнотежа): Ова сетило ни овозможува да одржуваме баланс и да ги чувствуваме движењата на телото, во смисла на забрзување и промени во насоката. Ова е сетилото што ни овозможува да ја чувствуваме гравитацијата.

Сензорниот систем за рамнотежа се наоѓа во внатрешното уво и се нарекува вестибуларен (labyrinthine) систем. Секому кому барем на момент му откажало, знае колку е важно ова сетило – кога не работи, буквално не можеш да разликуваш горе од долу, а да се движиш од една до друга локација без никаква помош е речиси невозможно.

13. РАСТЕГНАТОСТ: Рецепторите за растегнатост ги има во органи како белите дробови, мочниот меур, стомакот и гастроинтестиналниот тракт. Ги има и во крвните садови, и токму еден од тие типови на рецептори – кои ја насетуваат проширеноста на крвните садови, е често инволвиран во главоболките.

14. ХЕМОРЕЦЕПТОРИ: Како што кажува самото име, овие се поврзани со крвта. Тие се заслужни за активирање на област во медулата на мозокот, која е инволвирана во детектирањето на хормони и лекови/дроги во крвта. Игра улога и во рефлексот за повраќање.

15. ЖЕД: Се разбира, овој систем му овозможува на телото да го мониторира степенот на хидратација, за да знае кога да ти каже да пиеш вода (или било што што содржи вода).

16. ГЛАД: Треба коментар?

17. МАГНЕТОЦЕПЦИЈА: Ова е способноста да се детектираат магнетски полиња, која примарно се користи при чувство на ориентација и детектирање на Земјиното магнетно поле. За разлика од повеќето птици, луѓето немаат силно сетило за магнетоцепција, но сепак, експериментите покажуваат дека имаме некакво чувство за магнетните полиња.

Механизмот зад ова сетило не е целосно разбран. Се теоретизира дека има нешто поврзано со депозитите на ферично железо во нашите носеви. Тоа би имало смисла, затоа што се покажа дека луѓето со магнетни импланти имаат многу посилна магнетоцепција од останатите.

18. ВРЕМЕ: Е за ова постои интензивна дебата, бидејќи не е пронајден ниту еден конкретен механизам кој им овозможува на луѓето да го перцепираат времето. Сепак, експерименталните резултати покажуваат дека луѓето недвосмислено имаат извонредно прецизно чувство за времето, особено кога се помлади.

Механизмот што го користиме за насетување на времето по сé изгледа е дисперзиран низ мозочната кора, малиот мозок и базалните ганглии. Долгорочното чувство за време се чини дека е мониторирано од страна на супракиазматичните (suprachiasmatic) јадра, одгорни и за циркадичниот (срцев) ритам. Краткорочното чувство за време е управувано од страна на други мобилни системи.

- Реклама -