Генијално или да? Канта за пикавци со анкета

Да не навлегуваме во „длабокото“ и да теоретизираме зошто толку имаме потреба да го искажеме своето мислење, ама факт е дека луѓето сакаат да гласаат. Не по дифолт на избори, ама на секакви други анкети со малку реперкусии по реалниот свет и секојдневниот живот.

Како на пример, за тоа дали е подобар Роналдо или Меси. Или Ѓокович или Федерер, или Бетмен или Супермен, Фајт Клаб или Бегство од Шошенк, вегетаријанство или месо, силикони или природно, лето или зима, сок од јаболко или портокал…

Е сега, дај им можност на луѓето да го дадат својот глас фрлајќи ги пикавците во канта (пазете, не мора да се пикавци, може и било какво друго ѓубре), и чуди се. Гарантираме дека со три-четири вакви, веќе пикавец нема да видиме по улица. Пикавци ќе се носат во џебови за да бидат специјално фрлени во „гласачката кутија“. Пушачи ќе се собираат и туткаат пред кантите за да го дадат својот глас. Непушачи ќе пропушат само за да учествуваат во гласањето. И ќе ни биде чисто како во забарска ординација.

14701117_1321561657917682_2341902364924968960_n[1]

- Реклама -