Ај на Стивен Хокинг збори му за депресија

shutterstock_36107134[1]

Овој пат нема да пишуваме за заслугите на Стивен Хокинг поврзани со космосот, времето и теориската физика; и онака се добро познати. Ќе зборуваме за едно поинакво предавање, на кое култниот физичар го искористи своето генијално знаење за да проговори на една друга – многу поемотивна тема.

Хокинг се обрати кон луѓето што страдаат од депресија, правејќи поетска паралела меѓу безнадежноста и црните дупки. Рече дека без разлика на тоа колку мрачни и да изгледаат двете, и од двете можеме да се извлечеме.

„Поуката на таа лекција е дека црните дупки не се црни како што повеќето луѓе си ги претставуваат. Тие не се оние вечни затвори, за какви што ги сметавме некогаш… Објектите можат да излезат од црната дупка, а притоа дури и да завршат во сосема друг универзум. Така што, ако се чувствувате така, како да сте пропаднале на слично место, не се предавајте. Има излез“.

Ова беа зборовите што Хокинг ги упати пред 400 луѓе во Кралскиот институт во Лондон, на 7-ми јануари годинава, еден ден пред да наполни 74 години. Човекот дефинитивно знае што е депресија – живее со невромоторно заболување веќе 53 години, за инат на докторите кои му предвидоа 2 години живот кога му ја дијагностицираа болеста во 1963 година.

Ќерка му – Луси, пред истата публика зборуваше за неверојатно добрата психичка состојба на татко си – и на интелектуално, и на емоционално ниво.

„Тој има желба да продолжи напред и покрај сé – дури човек да му завидува. Црпи од сите свои резерви и ја користи целата своја енергија и фокус за да напредува… а тоа се пренесува и во неговата работа“.

Па ете ви, совет од паталец, кој патем леташе во нулта-гравитација во вселената: секогаш има излез.

stiven-hoking-sl-02[1]

- Реклама -