Од војник до убивачка машина: Дрогата како дел од сите војни досега

droge-se-koriste-u-skoro-svakom-ratu-da-bi-vojnici-bolje-ubijali-body-image-1479823244[1]
Член на индиските безбедносни сили пред Таџ Махал, по нападите во Мумбај во 2008 година.

Во ноември 2008 година, десет припадници на Лашкар-е-Таиба – исламистичка милитантна група, извршија низа од 12 напади со огнено оружје и бомби, убивајќи 164 луѓе и ранувајќи уште 300. Во следните 60 часа по разорувањето, тие успешно ги одбиваа нападите на стотина индиски најдобро обучени специјалци. Дури после 60 часа се конечно убиени или фатени.

Членовите на Лашкар-е-Таиба имаа поминато месеци и месеци командоска обука. Беа права елитна борбена единица. Ама беа и „напраени лом“. Доказите од лице место, како и подоцнежната анализа на крвта, покажаа дека добар дел од нив користеле кокаин, LSD и стероиди. Денес се знае дека групата успевала да оддолее пред повеќекратно помоќните индиски единици подолго од два дена без храна и сон, дури и покрај тоа што некои од нив биле смртно ранети – главно затоа што користеле дрога.

droge-se-koriste-u-skoro-svakom-ratu-da-bi-vojnici-bolje-ubijali-body-image-1479823296[1]Во новата книга Shooting Up, полскиот историчар Лукас Камински покажува дека мажите и жените, уште од почетокот на историјата на војувањето, ги користеле дрогите со цел да ја зголемат својата борбена способност. Камински вели дека напаѓачите од Мумбаи, чија воена грозница била засилена со редовно земање на психоактивни супстанци, се само најновите во листата на издрогирани борци: од викиншките „берзерк“-ери кои паѓале во состојба слична на транс со помош на печурки, преку војниците на Инките кои биле под дејство на листови од кока, до војниците во Американската граѓанска војна навлечени на морфиум, и припадниците на германската Вермахт (германската нацистичка армија) на спид.

На прашањето „Зошто се борат војниците?“ кое му беше поставено на Воениот историчар Џон Киген во 80-тите, тој имаше три одговори: поттик, принуда и наркоза. Иако Киген подоцна сметаше дека неговата теорија е премногу упростена, Камински тврди дека паралелно со поттикот од дехуманизациониот режим на обука, и принудните начини со кои државата ги тера луѓето да се борат во нејзино име – „наркозата“ овде може да се сфати буквално: за да убиваат луѓе, човечките суштества мораат да се префрлат во потполно поинаква состојба на свест. Дрогите можат да помогнат војниците да прават нешта кои инаку никогаш не би ги правеле; да ја остават својата човечност зад себе и да станат воени машини во рамките на некоја војска.

„Антрополошките докази покажуваат дека ние не сме војувачки вид“, вели Камински за Vice. „Многу е тешко да се премине линијата и да се стане способен да убиваш собраќа луѓе. Прашањето е само како цивилите да се претворат во војници кои ќе убиваат без претерани психолошки последици“.

Shooting Up нé води низ психолошкиот пристап на тематиката, од најстарите времиња па до денес. На почетокот на книгата, се зборува за грчките хоплити загреани од вино, хомеровските јунаци кои мафтаат со сабјите под дејство на опиум, и сибирските племиња кои јаделе печурки. Но сé тоа е бледо кога ќе се спореди со најславните војници на печурки – Викинзите.

Облечени во мечкино крзно, Викинзите влевале страв како ретко која сила во историјата на војувањето. „Боже спаси нé од гневот на Северњаците“, гласеле молитвите на секој кој живеел во нивниот домет. Во тоа време се мислело дека викиншките војници ги обземал бес подарен од Один, бес кој двојно им ја зголемувал силата, кој им ја одземал човечноста и ги правел имуни на болка. Одгризувале парчиња од своите штитови, завивале како волци и сечеле сé што ќе им се нашло на патот. Но Камински покажува како Викинзите достигнувале таква состојба: делумно затоа што пиеле печурки по име аманит. Тој ги наведува наодите на токсикологот Ерик Хесе, кој пишува дека „опиеното лице замислува дека се претвора во некакво животно, а халуцинацијата е комплетна со чувството дека ви израснале пердуви и крзно“.

Не дека печурки по дифолт ве тераат да нападнете норвешко село, ама ако се земат во права количина и на прав начин, печурките можат да ја изменат стварноста до тој степен што неприродните постапки (силување и пљачка) стануваат нормални. Овој начин на размислување се отсликува во мешавината од дроги што ја земале напаѓачите од Мумбаи. Коката им ја дала енергијата, стероидите силата, а есидот им ја изменил стварноста до тој степен да можат да се борат во жесток транс.

За Камински, посебно впечатлив е примерот за тоа како дрогите влијаеле на подобрување на воениот учинок меѓу војниците од Втората светска војна. „Потполно ме шокираше фактот дека Вермахт биле толку наголтани со метамфетамини при инвазијата на Полска“, вели тој. „Тоа е нешто што баш и не го наоѓате во историските книги“.

Schlacht um Kursk, Panzer VI (Tiger I)

Во јавноста, нацистичкиот режим строго ја осудуваше рекреативната употреба на дрога, но приватно многу од припадниците на нацистичките елити имале лични искуства со опојни средства. Хитлер поголемиот дел од денот го поминувал на лекови. И Геринг и Гебелс сакале морфиум. Кога Геринг пробал да го ублажи дејството на морфиумот земајќи кокаин, се навлекол и на него.

А им давале дрога и на германските војници. Во текот на инвазијата од 1939 година врз Полска, первитинот (вид кристален мет чија намена е да го намали стресот, да ја отстрани исцпеноста и да произведе еуфорија) станал  германската „борбена пилула“. Кога ја освоила Полска, германската војска нарачала 35 милиони таблети первитин за својата офанзива врз Франција во пролетта 1940 година.

Очекувано, за човечкото здравје малку се водело сметка. Дрогата се земала за германската војска да се „убаци“ во поголема брзина. „Нацистите само сакале своите војници да ги претворат во подобри војувачи: подолго да се борат, помалку да се изморуваат, блицкригот да биде посуров“, вели Камински. Многу германски војници во меѓувреме се навикнале на дрога. Кога официјалните залихи биле исрпени, се нарачувале нови директно од Германија, каде оваа дрога била во слободна продажба. „Денес ви пишувам главно за да ви побарам уште первитин“, му пишува Хајн – 22-годишен војник стациониран во Полска, на своето семејство дома во Келн.

Германците, меѓутоа, не биле единствените што војувале на спид. Сите го правеле тоа: Британците, Американците, Јапонците, дури и Финците – кои во тоа време биле најголемите корисници на хероин во светот. „Мојот заклучок е дека Втората светска војна се водела со широка употреба на спид или мет“, вели Камински.

Во дваесеттиот век, осудата на дрогата и загриженоста за овој вид на општествена појава, станаа сé поизразени и завршија со низа забрани формулирани во закони. Камински го нарекува Виетнам „првата фармаколошка војна“, заради огромната количина на дроги кои биле конзумирани. Многу од историчарите сметаат дека дури 10-15 проценти од американските војници биле навлечени на хероин.

На крајот, тоа што најмногу изненадува е како една така опсежна студија како што е Shooting Up не се појави порано. Од друга страна, употребата на дрога била општоприфатен дел од културата сé до неодамна, така што нејзината употреба во војните не е некакво големо чудо. Денес западните војски застапуваат многу построг став кон дрогите, иако многу од амерканските војници кои се вратија од Ирак и Авганистан зборуваа за земање „пилули за одржување будност“ како што се адерал и енергетски пијалоци, како и широк дијапазон на протеински прашоци и суплементи кои ви помагаат да стекнете телесна маса. Сепак, гледајќи низ долгиот дурбин на историјата, на употребата на такви благи средства еден Викинг само добро би се изнасмеал.

Vice

- Реклама -