Газомијачи, гревојадци и плуќари: Професии од некои други времиња

Други времиња, други животи, други сфаќања, други професии. Ова се некои од најинтересните во историјата.

Гревојадец (sin-eater)

beer-bread[1]

Колку и да згрешиле вашите блиски, некогаш сте можеле пред самиот погреб да им ја спасите душата и да ги пратите во рајот. Сé што требало е да го повикате локалниот „јадач на гревови“ и за мала сума, тој ќе ги измези сите гревови од душата на покојниот, испраќајќи ја чичка нова на другиот свет.

Процесот одел вака: На градите на починатиот ставате леб и пиво. Ги оставате да отстојат некое време, за да ги впијат гревовите. Потоа го повикувате гревојадецот. Тој доаѓа, го јаде лебот и го испива пивото, и со тоа автоматски резервира карта за во рајот за починатиот.

Тропач на врати и прозори (будач)

581d8310e94ae8ddb1c4d10355704bef[1]На почетокот на индустриската револуција немало будилници или аларми како денес, па некој морал да биде задолжен секое утро да ја буди работничката класа. Тоа бил будачот. Сте можеле да го познаете по долгиот стап од бамбус кој секогаш го носел со себе, наменет за тропање по прозорците на погорните катови. Од денешен аспект, будачите не биле совршени (на пример – немале опција снуз), ама затоа биле ѓаволски многу упорни – не се откажувале додека не бидат 100 проценти сигурни дека сте станати за на работа. А ги плаќале само неколку пени неделно.

Туку, кој ги будел будачите?

Дворски шутови

Matejko_Sta%C5%84czyk[1]Дворски „будали“, ама со привилегија да го исмеваат кралот, а да не ја изгубат главата… Барем додека на кралот не престане да му биде смешно. Човек ќе помисли дека оваа професија е одамна искоренета, но и не беше баш толку одамна (1999 година) кога кралството Тонга назначи службен дворски шут. Додуша тој во Тонга беше воедно и владин финансиски советник, а беше замешан и во финансиски скандал.

Дувач („плуќар“)

blower

Дувачите биле „специјални“ помошници на алхемичарите, познати како „плуќари“, бидејќи имале задача да го распалуваат огнот дувајќи директно во него. Арно ама, алхемичарските работилници биле преполни со опасни материјали и елементи. Алхемичари ко алхемичари, постојано се обидувале да направат злато од олово и слични метали, а денес е добро познато колку опасно може да биде вдишувањето на испарувањата од таквите елементи. Им било познато и на плуќарите – најголемиот дел од нив рано оделе во пензија, а некои и директно во смрт.

Крадци на мртви тела

grave-digging[1]

Едно време во Велика Британија кражбата на мртви човечки тела била сметана за минорен прекршок, за кој следела и минимална казна. Тоа довело до епидемија на откопување на гробови, која директно била поврзана со процутот на медицината во Европа и потребата од тела за експериментирање.

Во периодот околу 1827, некои од крадците го смениле методот – наместо ископување на (тогаш) плитките гробови, почнале да убиваат луѓе. Тоа директно ќе доведе до тоа да биде донесен законот што дозволува само донирани и неидентификувани тела да смеат да се употребуваат во анатомијата, со што настапува крај на професијата „крадец на мртви тела“.

За волја на вистината, сите тие украдени тела имале голем придонес за развојот на медицината.

Газомијач

(Не, нејќете слика)

Називот кажува сé – работниот опис на овие луѓе подразбирал, меѓу другото, и миење на туѓи нечисти задници по извршување на „голема нужда“. Додуша, овие задници биле задници на англиските кралски семејства, а газомијач на кралот било страшно посакувана (со оглед на работните задолженија) титула. Посакувана била зашто била многу ценета и се сметала за позиција во „високите кругови“, пред сé заради неограничениот пристап до кралот и уживањето на неговото внимание. А до газот на кралот пристап добивале само најблиските поданици, оние кои поминувале најмногу време со него. Газомичаји обично станувале синовите на благородниците и важните членови на племенството.

- Реклама -