Премиера на чешко-македонскиот краткометражен филм „Благословена“

poster blessed

Во петок, на 4 Ноември во 21 часот, во просториите на Кино Култура ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм “Благословена”, на режисерката Милиана Ленак. Филмот е чешко-македонска ко-продукција, а како продуценти се јавуваат  филмската академија ФАМУ од Прага, и Квазар Филм од Скопје.

Филмот е сниман во Прага, на чешки јазик и во него настапуваат реномираните актери Јана Козубкова, Јакуб Готвалд, Хонза Хајек, Даниела Залешкова и Даниела Ворачкова. Дел од актерската екипа ќе присуствува на премиерата и ќе учествува во отворената дискусија по проекцијата.

Камерата на филмот е на Ивон Теислерова, монтажата на Радован Петровиќ и Блаже Дулев, дизајнот на звукот е на Дарко Спасовски – Пацки и Горан Керкез, а музиката ја работеше Виктор Гајтановски. Во една од музичките нумери, која е обработка на песна од Драган Ѓаконовски Шпато, како вокал се јавува Тања Царовска. Дизајнот на постерот е на Марија Ветероска.

film

Филмот се осврнува на проблемот на пост-породилната депресија, преку призмата на една жена која во последните мигови пред породувањето, се обидува да се ориентира во својот заплеткан љубовен живот.

- Реклама -