Писмо до жена ми, за која како веќе да не постојам

SadMan[1]
Текстот е објавен во британскиот сајт The Independend. Писмото е испратено од анонимен читател во редакцијата на медиумот.

Tи ме плени штом се запознавме. Беше неодоливо привлечна и страшно независна, светеше посилно од било кој друг во просторијата. Никогаш не бев сретнал жена како тебе.

Чувствувам дека е чесно да истакнам дека јас исто сјаев тие денови. Бев способен да направам сите да замолчат и да ја слушаат со интерес забавна приказна која ја раскажувам. Бев привлечен, стегнат, забавен и успешен (сé уште верувам дека сум).

Имавме многу заеднички интереси – театар, музика и вкусна храна. Имавме заеднички вредности и јасно чувство за тоа што е правилно, а што – погрешно. Во тие далечни денови вистински уживавме во взаемното друштво.

Година дена откако се сретнавме, се преселивме да живееме заедно. Три месеци подоцна направивме веридба. Отприлика околу овој период почнав да те губам.

Поради некоја непозната причина, почнавме да зборуваме помалку. Во почетокот беше речиси неподносливо тивко додека сме заедно. Тоа постепено прерасна во тишина со денови и недели. Кога прашував дали сè е во ред, одговорот секогаш беше ист – уморна си, ќе зборуваме за тоа друг пат. И така, не зборувавме. А во тишината, твојот гнев се зголеми.

Се земавме. Ги создадовме нашите прекрасни деца и дом од соништата. И во следните 13 години те изгубив целосно.

Минуваа месеци без дури да ме погледнеш. Започна да се однесуваш кон мене не само како со непознат, но и како со непријател. Кога зборуваше со мене, викотниците веќе се имаа претворено во твоја нормала комуникација, и тоа продолжува и до денес. Кога стигнувам дома навечер, седам во колата и те слушам како викаш по децата.

Кога сме во друштво, зборуваш за мене и не ми дозволуваш да се искажам. Јасно е дека не те интересирам на кој било начин. Ме изолираш со тоа што  не ме информира за ништо што се случува во нашето семејство (колку ли само пати пријателите ми го виделе шокираниот израз на лицето, кога ќе се спомене некаква претстоен семеен настан, за кој не сум информиран).

Тоа е твојот начин да покажеш сила и да ги држиш работите под контрола. Но најлошо од сè беше кога почна да ги вовлекуваш нашите деца како војници во нашата лична, бесмислена војна. Не сум сигурен дали можам да ти го простам тоа.

Секоја вечер, кога домот ни е тивок, ти спиеш со мене заедно со мене заедно во еден кревет. Со молчење влегуваш под покривката, секогаш го свртуваш грбот кон мене и го гасиш светлото. Без добра ноќ. Само празно молчење.

Во овие моменти имам чувство дека можам физички да ја допрам осаменоста. Секоја ноќ во текот на овие 13 години замислував како се свртуваш кон мене, како ме допираш и ме прашуваш како сум. „Се ли е во ред“. Тогаш се чувствувам сакан. Но тоа никогаш не се случува. Не се обидувам веќе да допрам до тебе. Искуството ме научи да не го правам тоа.

Пред три години те убедив заедно да посетуваме брачен советник. Таму бев прашан што најмногу сакам од тебе. Јас одговорив „само мил однос“. Ти испреврте со очите. Обидите заедно да одиме на семејна терапија наскоро пропаднаа. Така, и не разбравме од каде доаѓа твојот гнев и проблемите во нашите односи.

Еве ме денес, на 47 години. Вистината е дека никогаш нема да те оставам. Заради нашите деца, кои ги сакам повеќе од сè на овој свет. Можеби кога ќе пораснат и ќе го напуштат нашиот дом, ќе се разделиме по природен пат.

И покрај сè, понекогаш сé уште ја гледам во тебе најубавата жена во која се заљубив пред толку години. Знам дека и двајцата сé уште сме добри луѓе. Едноставно не сме добри еден за друг.

Додека сé уште не сум остарел, верувам дека заслужувам некаква надеж и среќа. Секогаш сум имал непристоен однос кон луѓето кои се впуштаат во вонбрачни афери и верував дека бегствата им се обично плод на елементарни физички потреби без мисла за последиците.

Но врз основа на сé што доживеав во животот до овде, сфатив дека многу сексуални врски вон семејството се резултат на длабока, исконска човечка потреба – секој сака да се чувствува посакуван и потребен.

А понекогаш најблискиот човек не може да ти го даде тоа.

- Реклама -