Како големите градови го решаваат метежот во сообраќајот

Кога зборуваме за мегаполиси, не може да не зборуваме за сообраќајот, кој по правило е таму некаде на врвот на листата со проблеми. Во Њујорк, на пример, не стивнува 24/7.

Од друга страна, има и многу такви големи градови, кои и покрај оптовареноста со сообраќај, го имаат решено проблемот на нетрадиционален начин.

КОПЕНХАГЕН, Данска 

kopenhagen

Во февруари Копенхаген најави дека се инсталирани нови 380 семафори, кои им даваат предноста на автобусите и велосипедистите. Семафорите се дел од усилбите на градот да го намали карбон футпринтот до самата нула, и тоа до 2025 година. Со паметните семафори, брзината на автобусите е подобрена за 5 до 10%, а велосипедистите заштедуваат 10% од времето на движење.

КУРИТИБА, Бразил 

Curitiba-brazilbus_zpsbab701c3[1]

Во последните 40 години, неколку градови во Латинска Америка ги жнеат плодовите на воведениот систем на „брзи автобуски линии“, одвоени од автомобилскиот сообраќај.

СЕУЛ, Јужна Кореја

seul2[1]

И во Сеул има посебна лента за автобусите, но не се оградени од автомобилските. Наместо тоа, за да се спречи злоупотреба од страна на возачите на автомобили, автобусите имаат монтирано камери кои го снимаат секој автомобил што возио или ја блокира автобуската лента.

СИНГАПУР 

Singapore_smart_traffic_cloud[1]

Сингапур, како и доста други градови, меѓу кои и европски, има воведено еден вид на „данок на метеж“. Автомобилите минуваат низ одредени контролни пунктови налик на патарини, каде во најпрометните периоди од денот им се наплаќа движењето. Притоа, се дава приоритет на јавниот транспорт, кој се движи без надомест.

ТОРОНТО, Канада 

toronto(4)[1]

Торонто има метро возови од отворен тип. Пространиот простор во нив овозможува подобро распределена густина на патниците – бидејќи се слободни да се движат по средината по целата должина на возот, како и почовечки услови при патувањето (со тоа повеќе луѓе волни да користат метро, а со тоа и помалку автомобили).

ЛОНДОН, Велика Британија 

london(18)[1]

За да им олесни на патниците во метрото, а со тоа и да го подобри протокот, градот воведе апарати за бесконтактно плаќање со дебитна или кредитна картичка. Така, патниците не мораат да купуваат карти и да чекаат редови пред билетара. Повторно, полесно движење со јавен транспорт значи и повеќе луѓе што ќе изберат да го користат наместо автомобил.

СИЕТЛ, САД 

seattle_traffic_by_sleepsearcher04[1]

Во Сиетл има политика на луѓето од семејствата со пониски примања да им се издаваат поевтини карти за градскиот превоз – автобус, ферибот, трамвај, метро… Така луѓето се стиумулирани да користат јавен транспорт, наместо автомобили.

- Реклама -