Кондура во глава за имамот што рече дека муслиманите смеат да пијат алкохол

Во време кога носењето бурки е актуелно ширум светот, за бурките се дебатираше и во една емисија на египетската телевизија, каде како гости беа повикани еден адвокат и сиднејскиот имам Мустафа Рашид. Пред милионската публика, Рашид изјави дека на бурката гледа како на „дел од културната традиција, а не верска обврска“, а меѓу другото додаде и дека никаде не пишува дека муслиманите не смеат да пијат алкохол. Ова последново го активираше разлабавениот штраф во главата на другиот гостин, кој го нападна австралискиот имам со специјално соблечената за таа цел кондура. Во обидот да го спречат, повреден е еден член од екипата. На Рашид ова му е прв ваков инцидент, иако и претходно разбранува многу води со своите модерни ставови.

- Реклама -