Фајронт синдром: Зошто муваш погрешни на крај на журката

ditchordatenightclub[1]

На уште една ноќ во градот ѝ се ближи крајот. Вие сте се наостриле баш оваа вечер да легнете нешто, ама ништо од планот… Додека во клубот светлата полека почнуваат да се палат и да сигнализираат дека е фајронт, ви остануваат две опции – да свиете опаш и да си тргнете кон дома со надеж дека следната недела „ќе падне нешто“, или набрзина да ја скенирате моменталната „понуда“, водејќи се од животното мото „дај шта даш“.

Оваа втората опција, обично гарантира дека ќе изберете погрешен човек.

Проблемот не е само што таквиот потег делува очајнички – а искрено, и е, туку што и „уловот“ по дифолт е помалку или повеќе очаен штом се согласува да биде уловен со последниот воз. Згора на сé, за целата таа ситуација заслужен е мозокот кој си поигрува со вас.

Истражувајќи ја древната теза дека пред фајронт сите ни се привлечни, научниците заклучуваат дека е жива вистина. И тоа не заради алкохолот. Анализата на крвта кај испитаниците покажала дека количината на алкохол немала или имала мало влијание на проценувањето на нечија атрактивност во овие ситуации.

Во основа, се работи за психолошки трик кој редовно ни го подметнуваат и маркетингшките магнати. „Уште малку, па ќе нема“, „Останат е само уште еден производ“ и слични – трикови кои на крајот ќе те остават да се чудиш зошто си купил нешто што никогаш не ти затребало. А си купил од страв дека може да го снема. Научнициве погоре утврдуваат дека истото важи и со луѓето, особено пред фајронт во ноќен клуб. Така, препорачливо е да ја изберете опцијата „соло шетња до дома“, за да не завршите со нешто што стварно не ви треба.

- Реклама -