Важноста на хуморот во врските

Еве едно кратко анимирано видео кое зборува за хуморот во врските и неговата важност во одржувањето на долгорочна блискост.

Имено, благиот хумор искористен во мигови на претерана реакција и ирационалност на партнерот, всушност има способност да ја „деактивира бомбата“ и да му помогне на другиот да ја согледа ситуацијата каква што реално е. Во ситуации кога на однесувањето на партнерот реагираме директно и со сериозен тон, тој едноставно се чувствува нападнат, што води кон огорченост и лутина наместо кон согледување на грешката. Тогаш партнерот најчесто влегува во дефанзива или контра-напад, што на крајот се покажува како крајно непродуктивно.

Токму тука на сцена стапува хуморот. Вистинскиот начин да натерате некого да увиди дека е неразумен или претерал со реакцијата не е да се однесувате зрело и разумно. Токму тоа нé учи смеата: дека најдобриот начин тоа да се постигне е преку употреба на комичен потег, со кој ќе го преувеличите несоодветното однесување на партнерот до тој степен надвор од реалните пропорции, што девијацијата од разумното однесување веќе не може да помине незабележана ни во неговите очи. Смеата од негова страна, пак, не само што е забавана и ја смирува ситуацијата, туку е и знак дека пораката е примена.

Преку хуморот, партнерот ја увидува комичната преувеличеност и не ја сфаќа критиката како сериозен напад, но истовремено станува свесен дека во основа на тоа преувеличување лежи барем една десетина вистина – во случајот неговото неразумно однесување. Притоа, критиката во форма на хумор пренесува и порака дека „грешникот“ и покрај грешката сепак не е толку лош, а вие сте расположени за примирје.

- Реклама -