Зошто сакам да читам некролози

cc_1000x0[1]

Морам да ви признаам една ствар – веќе со години редовно читам некролози во весниците. Не затоа што сум морбидна, не ни затоа што ме интересира кој умрел (ако е некој за кого ми е грижа, ваљда ќе слушнам и претходно), туку затоа што даваат преубав увид во тоа што во животот е навистина важно.

„Како ќе звучи мојот (некролог)?“ звучи како многу мрачно и морбидно прашање, но дајте ми момент да ви објаснам зошто оваа кратка реченица може да ви го промени целиот живот. Сте виделе ли некаде во некролозите некој за последен поздрав да напише: „Беше сјаен економист, баш ни помогна при пресметувањето на платите оној пат во 2004 година кога сите беа на одмори…“? Или можеби: „Имаше многу пари и заради тоа сите го ценевме“?

Не, секако дека не сте прочитале. Зашто всушност, во некролозите ќе најдете патокази кон тоа што во животот е навистина важно. Како што нагласи прочуениот лајфкоуч Робин Шарма во повеќе наврати, читањето за туѓите животи може повеќе од јасно да ви покаже што е вистински важно во вашиот. Пријатели. Семејство. Љубов. Ситници кои живот значат. Не пари, кариера и интензивни бизнис познанства.

Сега веројатно одмавнувате со главата, ц’цкате и мислите „види ја оваа како лупета, па од љубов не може да се живее“. Секако дека не може, ама тоа не значи дека не можете да пронајдете љубов во тоа што го правите. Дури и најдосадната работа на светот (сметководството, ако мене ме прашувате) може да биде забавна ако вие така се чувствувате.

Секако дека парите се важни. Секако дека кариерата е супер ствар и дека и те како ви се потребни бизнис познанства. Ама застанете од време на време и запрашајте се – дали луѓето кои навистина ви се важни во животот еден ден ќе имаат што да напишат во вашиот некролог? Зашто, „умре мирно и опкружен со колеги“ уште никој нема напишано.

- Реклама -