Скопјанецот што го предвиде невремето што не можеше да се предвиди

На кобниот 6-ти август, уште во 18 часот и 22 минути, на својот фејсбук профил Миле Димитровски споделува видео од почетокот на невремето, со цел да ги предупреди неговите пријатели на можните последици.

Во (аудио) коментарот во видеото, користејќи ги своите метеоролошки познавања, скопјанецот предвидува дека се спрема „големо невреме во Скопје“, „голем кумулонимбус“, дека „може и град да паѓа, и тоа јак“, и на крај, дека „многу страшно ќе биде ова“ и дека „ова поплава ќе направи во Скопје, поплава ќе направи“.

Во коментарите под видеото, Димитровски се чуди зошто на ТВ „си пичеа“ турски серии, наместо да има вонредна програма и мобилизација.

Линк до постот: ТУКА.

- Реклама -