Пронајдена загубена египетска пирамида со Google Earth

Во последниве неколку години, самопрогласените интернет-археолози добиваат големо внимание, затоа што тврдат дека пронашле најразлични загубени градби и цивилизации, од Атлантида, па сè до комплекс-пирамиди во Египет.

Анџела Микол од Северна Каролина, блогер кој се занимава со прегледување на мапите во Google Earth, во потрага по аномалии, вели дека гледајќи сателитски снимки наишла на неколку ридови во Египет, кои имаат квадратна форма и изгледаат многу сомнително. Пустинските градби изгледаат како да се намерно наредени во пустината и ги имаат сите одлики на еден комплекс пирамид од Фараонската ера.

Според блогот на Анџела Микол, египтолозите веќе започнале со истражување на локацијата, откако го забележале нејзиниот пост на темата. Но, експертите велат нешто друго. Џејмс Харел, професор по архео-геологија на универзитетот Толедо објаснува дека се работи за природна формација на камења што не е така ретка, а Микол ја оквалификува како еден од „пиридиотите“, т.е. луѓе кои гледаат пирамиди насекаде. [Long-lost Egyptian pyramids found on Google Earth?]

- Реклама -