Последните судења на нацистите: 94-годишниот чувар од Аушвиц

Der frühere SS-Wachmann Reinhold Hanning wird am 19.02.2016 in Detmold (Nordrhein-Westfalen) von Justizmitarbeitern im Rollstuhl aus dem Gebäude zum Auto geschoben. Dem 94-Jährigen wird Beihilfe zum Mord in mindestens 170000 Fällen vorgeworfen. Der Prozess vor dem Landgericht Detmold findet in den Räumen der Industrie und Handelskammer statt. Photo by: Bernd Thissen/picture-alliance/dpa/AP Images

Рајнхолд Ханинг има 94 години. Старецот доживеа по 70 години да мора да ја погледне во очи Ајрин Вајс.

„Едно студено утро Ајрин чекаше пред општинскиот суд во германското гратче Детмолд. Допатува дури од Вирџинија за да сведочи на судењето на Рајнхолд Ханинг, денес 94-годишен поранешен чувар во нацистичкиот логор на смртта Аушвиц. Мораше да чека, додека да го донесат Ханинг во количка…“ – вака магазинот Time го опиша воведот во едно од последните судења на нацистите.

Во сако и џемпер, со очила и наведната глава, за што помалку да упаѓа во објективнот на камерите, беше тешко да се сфати дека тоа деденце е всушност обвинето за соучество во убиството на дури 170.000 луѓе за време на своето служење во концентрациониот логор, од јануари 1943 до јуни 1944. Баш во тоа време, меѓу Евреите кои ги довеле во логорот била и 13-годишната Ајрин.

Ајрин ја имала среќата да не го запознае Ханинг додека била во логорот. Такви преживеани одамна нема. Ајрин само повремено била заробена таму, но викната е да сведочи затоа што е една од оние кои тогаш биле во логорот и која може да раскаже каква била улогата на Ханинг, со оглед на задолженијата на чуварите кои добро ѝ биле познати.

Се работи за нова стратегија на германското правосудство со кое најпосле се олеснува судењето на бившите нацисти, 70 години по злочинот. Тоа е обид на Германија да ги исправи грешките од војната.

На западот на Германија, во 13 судења во Нирнберг од 1945 до 1949, осудена е само елитата која во тоа време била на власт. На истокот на земјата, пак, судењата беа многу поостри, но често беа „затруени“ со идеолошки признак. Историчарите проценуваат дека 10% од Германците биле зачленети во Нацистичката партија. Но, во справувањето со огромниот број луѓе кои требало да бидат истражени, згора на огромната бирократија на логорот на смртта, Германија ја направи грешката да ги гони обвинетите нацисти како криминалци, а не како учесници во геноцид. Со други зборови, за секого мораше да се докаже дека тогаш и тогаш, со тоа и тоа средство го убил тој и тој.

Во брановите од судења од 1963 до 1965 во Западна Германија осудени се поразувачки 17 нацисти – учесници во геноцидот. Од нив пак, само 6 се казнети на доживотен затвор. Ширум светот пред судовите беа истерани повеќе од 1.000 од луѓето кои сееја смрт по логорите. Во Германија им се судеше само на 50.

А ги имаше меѓу 6.000 и 7.000 членови кои лично и директно беа вклучени во убивањето. Не треба да се занемари и фактот дека и некои од судиите во поствоена Германија и самите биле некогашни нацисти. Заради сето тоа, подоцна беше усвоен предлогот на германскиот обвинител од покраината Хесен – Фриц Боер: едноставно да се утврди дека на одредено место е спроведен геноцид, а вината на обвинетите да се утврдува со тоа што ќе се докаже дека на тоа место и во тоа време, обвинетиот извршувал одредена должност. Со тоа обвинетиот станува орудие при извршување на злочинот, и автоматски сноси вина.

Ајрин, моменти пред „селекцијата“.
Ајрин, моменти пред да биде селектирана.

Првиот кој ја плати цената од таквата стратегија беше озлогласениот Украинец Џон Демјањук, во 2011-тата, кој во Втората светска војна бил чувар во логорот Собибор. Со неговиот случај, Германија почна да ги исправа своите пропусти. Следен беше книговодителот од Аушвиц – Оскар Гронинг, соучесник во убиство на 300.000 луѓе. По нив уште тројца, од кои еден обвинет во меѓувреме починува од старост.

Јенс Ромел – шеф на канцеларијата за нацистички злочини во Лудвигсбург, за Time вели дека од март во постапка се уште 13 случаи. Токму неговите луѓе се тие што утврдија дека Ханинг е роден на 28 декември 1921 година, дека на 14 години го напуштил училиштето и отишол да работи во фабрика, и дека потоа преминал во нацистите. На источниот фронт се борел до септември 1941 година, кога го ранила граната во Украина. Заради тоа, му понудиле „лесна работа“ во Аушвиц. Неговата задача била да ги дочекува логорашите и да ја надгледува „селекцијата“ – кој оди директно во смрт во гасна комора, а кој на робовска работа и иминентна смрт од болест или исцрпеност по неколку месеци.

„Никој ништо не ни зборуваше првите денови таму. Ама ако некој, како мене, таму поминал подолго време, тогаш му станало јасно за што се работи. Луѓето ги стрелаа, гушеа во комори и спалуваа. Гледав како пренесуваат лешеви, можев да ја намирисам смрдеата на спалените човечки тела“, рече Ханинг на судењето.

Ајрин, пак, раскажа дека неа и нејзиното семејство во Аушвиц ги довеле во мај 1944 година. Имала само 13 години, биле уморни и дезориентирани, а нацистите со бајонети ги наведувале каде да одат: нејзината мајка и помалите браќа и сестри во гасна комора, нејзиниот татко и постарата сестра на работа. Чуварот кој ја „селектирал“ Ајрин неколку моменти се колебал, но на крајот ја пратил со постарата сестра. Животот ѝ го спасило тоа што имала марама на главата и изгледала постара од 14 години, колку што била староста под која децата ги праќале веднаш на убивање.

„Ќе бев посреќна ако му се судеше и порано, но сега само сакам тој да чуе што имам да кажам, јас, и другите сведоци, околу тоа какви се последиците од делата кои ги направил како млад“, рече Ајрин, истакнувајќи дека денес на судењата, обвинетите нацисти уживаат многу повеќе разбирање отколку тие тогаш како жртви.

На 29 март, Ханинг проговори: „Длабоко ме боли што бев дел од таква злосторничка организација. Се срамам што видов толку неправда и не направив ништо околу тоа. Се извинувам. Многу, многу ми е жал“.

Но, за Ајрин тоа не беше доволно, бидејќи со децении, милиони германски деца и внуци на оние кои требаше да проговорат, од нив немаа слушнато ни збор.

„Апсолутно е време да престане тоа да се преќутува“, изјави Ајрин.

А околу тоа имаше што да каже и Даглас – историчар на Универзитетот во Масачусетс:

„Ваквите судења нé потсетуваат дека геноцидот никогаш не се случува без тие обични војници. Нештата во една земја можат многу брзо да тргнат на лошо, а кога тоа ќе се случи, шокантно е колку многу луѓе сакаат да тргнат по тој пат“.

- Реклама -