Колку кила може да издржи просечна шопинг количка?

shopping-cart-1080836_960_720[1]

Ако те фаќа страв дека си ја преполнил количката во супермаркет и дека може да се скрши, без паника. Прочуениот Hydraulic Press Youtube канал направи мал одмор од смачкување на ствари, за да ни покажат дека всушност шопинг количките се многу поиздржливи отколку што изгледаат.

Детална варијанта: Така на пример, до ~330 кила количката издржува без проблем. Со 460 кила и лош распоред може малку да потклекне, ама пак е сосема функционална. За тотално да ја победите, ќе ви требаат едно 650 кила продукти.

Со други зборови, нема начин да преполните шопинг количка (барем не тежински), освен ако можеби не пазарите сиров челик.

„Сé што треба да знаете“ варијанта: Можете без гајле да натоварите 1000 кусур лименки пиво, или да си го возите детето, макар и дебело.

- Реклама -