„Социјален експеримент“ ја објавува вашата адреса

Доволно долго време живееме со социјални медиуми за да знаеме што треба а што не треба да правиме.

Не постирајте фотографии од дебитни картички или инкриминирачки фотографии од шефот. Но внимавајте и кога го користите зборот „дома“ некои луѓе го чекаат тоа. WeKnowYourHouse.com е неодамна лансиран вебсајт со соодветно име. Во основа сајтот ги скенира Twitter, барајќи твитови со податоци за локација кои спомнуваат „дома“.

Потоа сајтот ги наоѓа географската должина и ширина, ги внесува во Google Maps и наоѓа релативна проценка за вашата адреса. На крај, тие ја обележуваат вашата адреса на мапа. Оваа морничава пракса според сајтот е безопасен „социјален експеримент“.

Во моментов најголемиот дел од постираните адреси се во Ирска и Велика Британија но нема ништо што би ги спречило да ги прошират своите параметри, или да спречат некој друг што би можел да ја копира нивната идеја. Сајтот ви дава опција да одбиете учество, но за тоа мора да се регистрирате преку Twitter и да им дадете некои информации.

Ако не сакате секој да може да открие каде живеете најсигурен метод би бил да бидете екстремно внимателни со податоците за вашата локација. Најверојатно би било паметно и целосно да ги онеспособите особено ако никогаш не ги користите. Сепак, ако овој сајт ги користи за „социјален експеримент“ некој би можел да ги искористи за далеку полоша причина.

- Реклама -