Mobi Lens – универзална алатка за одлична фотографија со мобилни телефони (видео)

Заборавете на Instagram. Сега е возможно да правите вистински фотографии со камерата од вашиот мобилен телефон, таблет-компјутер или веб камера од лаптоп. Потребна ви е само универзалната алатка Mobi-Lens.

Уредот одговара на најголем дел од мобилните уреди, бидејќи се закачува како штипка и ви овозможува да добиете поинакви сетинзи на леќата, за макро фотографија, широки агли итн. Со подесувањето за широк агол можете да опфатите повеќе детали во фотографијата, додека со подесувањето за макро фотографија можете да доловите ситни предмети, исто како со фото апарат.

{youtube}IoRrQ_EczQ0{/youtube}

Идејните творци на Mobi-Lens, Ивет и Арис Алавердијан основале стартап компанија и моментално собираат средства кои им се потребни за да го извадат производот на пазарот, а веќе имаат собрано повеќе од половина од потребната сума, со што Mobi-Lens e на добар пат да стане основна алатка за инстант-фотографите.

- Реклама -