Геведосес: Девојчињата што стануваат мажи на 12 години

79133351_503b80d3e8_b[1]

Пубертетот е чуден период за многумина, но никој не доживува така голема промена како децата “геведосе” во Доминиканската Република, кои небаре буквално го менуваат полот кога достигнуваат адолесценција.

Во филмската мини-серија на BBС – „Countdown to Life“ („Одбројување до животот“), Мајкл Мозли раскажува за чудниот генетски феномен кој се забележува кај над 1 процент од момчињата родени во Салинас – оддалечено село во југозападниот дел на Доминиканската република.

При раѓањето, децата “геведосе” (guevedoce) – што буквално значи “пенис на 12”, исто така познати и како “machihembras“ (“прво жена, потоа маж”), сосема изгледаат како девојчиња, а соодветно и се однесуваат – растејќи со фустани и кукли.

“Кога се раѓаат, тие изгледаат како девојчиња, бидејќи немаат тестиси и изгледа како да имаат вагина – пишува Мозли за британскиот весник Телеграф. “Дури кога се приближуваат до пубертетот, тогаш расте пенисот и се спуштаат тестисите“.

По оваа промена, Геведосес растат како нормални функционални мажи во заедницата, иако некои ситни знаци го издаваат нивното биолошко наследство.

“Покрај тоа што имаат малку помала големина, сé друго работи нормално и Геведосес го живеат животот како обични мажи” – пишува Мозли, “Иако брадите им да се поретки, а простатата – помала“.”

Не сите Геведосес го менуваат своето име по пубертетот. Некои остануваат со женски имиња до крајот на животот. Овој феномен не е смао изолиран случај во Доминиканска Република – истата генетска состојба е забележана и во Нова Гвинеја и во Турција.

Во својот документарен филм, Мозли разговара со Џони – маж кој некогаш бил растен како девојче по име Фелисити. Кога Фелисити наполнил(а) седум, хормоните ѝ донеле повеќе промени од оние кои ги преживуваат повеќето.

“Не се чувствував добро, не сакав веќе да носам фустани и да си играм со девојките. Сакав да си играм со пиштоли и со момците”- вели Џони. Заедно со психолошките промени доаѓаат и физичките – му пораснале тестиси и пенис.

И покрај редовните задевања во училиште, Џони бил задоволен од трансформацијата. “Никогаш не сум сакал да се облекувам како женско… Кога се променив, бев задоволен од својот живот“.

shutterstock_281746949[1]

Откритието зошто децата геведосе доживуваат вака радикална трансформација е дело на Џулијан Императо – ендокринолог од универзитетот Корнел во САД.

Во 70-тите години на 20-от век, Императо и нејзините колеги откриваат дека причината за ретката состојба на „мачихембрасите“ е дефицит на ензимот 5-α-редуктаза. Без него, организмот не може да го создава машкиот полов хормон дихидротестостерон – што го спречува развојот на машки полови органи, и така е до пубертетот, кога зголемените нивоа на тестостерон со задоцнување го обликуваат машкиот пол на децата геведосе. Сепак, “по раѓањето, надворешните полови органи изгледаат приближно како клиторис и срамни усни”, пишува Елизабет Кели за медицинскиот научен журнал на Универзитетот Беркли ISSUES.

Откритието на Императо практично доведе до создавање на лекот “финастерид”, кој денес го користат милиони мажи низ светот, против зголемување на простатата и ќелавење.

Што се однесува до 25-годишниот Џони, тој се надева дека наскоро ќе ја сретне љубовта на својот живот, дека ќе се ожени, дека ќе има деца и “жена што ќе биде до него во добро и лошо”.

- Реклама -