10 познати слики со скриени пораки

9eh9ky6jfumwgmxuhko9

Следниве слики не се само едни од најголемите и најпознатите уметнички дела. При подетална инспекција ќе наидете на некои чудни и мистериозни моменти.

Мадона со св. Џованино – Доменико Гирландајо, крај на 15. век 

1_108

Сликата ја прикажува Богородица и едно прилично цврсто и мускулесто бебе – Исус, но неговите стомачни не се најинтересното нешто тука. Ако се погледне во позадината, ќе видите маж кој изгледа како да ги покрива очите заради силната светлина од неидентификуваниот предмет во небото. НЛО? Можеби. Фасцинација на човештвото од идејата за чудни суштества кои доаѓаат од небото? Дефинитивно.

Тајната вечера – Леонардо да Винчи, 1498 година 

2_0

Многу се зборуваше за тајните пораки во “Тајната вечера”, особено откако посебно внимание ѝ беше посветено во книгата “Кодот на Да Винчи” на Ден Браун. Ама не е само тој.

Компјутерскиот експерт Славиша Пеши тврди дека при прекривање на оригиналот со проѕирна верзија на истиот, на двата краја на масата се појавуваат витези Темплари, а некој држи бебе лево од Исус.

Музичарот Џовани Марија Пала, пак, тврди дека рацете и лебовите на масите се всушност музички ноти кои формираат кохерентна композиција, прочитани од десно на лево.

Сабрина Галиција, пак, тврди дека во сликата е шифрирана математичка загатка која покажува дека крајот на светот ќе дојде во 4006 година

Давид и Голијат – Микеланџело, 1509 година 

3_112

“Давид и Голијат” е позната слика насликана врз таванот на Систинската капела во Ватикан. Се претпоставува дека целата композиција има форми кои ги одразуваат буквите од азбуката на хебрејски (иврит). По детално набљудување на двете фигури се гледа дека тие всушност ја обликуваат буквата “гимел”. Во мистичната традиција на кабалата, таа значи “сила”.

Создавањето на Адам – ​​Микеланџело, 1511 година

Creación_de_Adán_(Miguel_Ángel)[1]

Можеби е само коинциденција, но сличностите се навистина премногу. Микеланџело, кој уште од мал се заљубува во анатомијата и ја има направено првата дисекција на труп на 17 години, за ова свое дело е инспириран токму од човечкото тело. Специјалистите по невроанатомија истакнуваат дека нивото на деталите во сликата покажува добро познавање на човечкиот мозок, вклучувајќи и на неговите помалку познати елементи.

maxresdefault[1]

Сликата е една од најпознатите во Систинската капела и веројатно во тоа време била воедно и една дескриптивна лекција по анатомија.

Разделување на светлината и мракот – Микеланџело, 1512 година 

5_104

“Разделувањето на светлината и мракот” е еден од деветте централни панели во Систинската капела и е последната создадена од Микеланџело. Покрај тоа, ова дело изгледа и малку поинаку од другите, бидејќи заради некоја чудна причина, авторот одлучил да ја внесе светлината во сликата низ средината, а не од вообичаениот лев агол. Можно е ова да е поради фактот што над неа има доста точна слика на човечкиот мозок. Ткивото што оди надолу од средината на сводот исто така формира чуден булбус, за кој многу експерти сметаат дека го претставува ‘рбетот.

Пророкот Закарија – Микеланџело, 1512 година 

1_109

Микеланџело ја завршува оваа слика во Систинската капела во 1512 година. Ова религиозно дело го прикажува пророкот Закарија, еден од помалку познатите пророци од Библијата. Некои историчари веруваат дека оваа слика всушност е поврзана со тогашниот папа Јулиј II, кој имал затегнати односи со уметникот. На заднината Микеланџело прикажува двајца ангели, од кои едниот го има поставено палецот помеѓу показалецот и средниот прст – навредлив знак („шипак“) за кој се претпоставува дека е насочен токму кон папата.

Мона Лиза – Леонардо да Винчи, 1517 година 

2_109

Можеби најпознатото уметничко дело е создадено од познатиот Леонардо меѓу 1502 и 1506 година, иако тој продолжува да работи на него до 1517 година. Сликата се наоѓа во Лувр и по целото платно се гледаат бројки и букви – од иницијалите на уметникот во левото око, до бројот 72 во сводот на мостот во позадината. Некои сметаат дека е можно делото да е насликано уште во 1490 година или малку подоцна, бидејќи на грбот на сликата е испишан бројот 149, а четврта цифра е избришана.

Холандски поговорки – Питер Бројгел Стариот, 1559 година 

3_113

Питер Бројгел Стариот е фламански ренесансен сликар, познат по своите пејзажи и битови сцени. Ова дело отсликува различни холандски изреки и првично носело неколку други имиња, меѓу кои и “Превртен свет”. Според последните пописи, на сликата се поставени 125 изреки, а најверојатно има и уште, кои сеуште не се препознаени. Сликата се наоѓа во музеј во Берлин.

Вечера во Емаус – Караваџо, 1601 година 

4_108

Ремек делото датира од почетокот на 17 век, дело на мајсторот Микеланџело де Караваџо. Сликата има две верзии – една во Пинакотека ди Брера во Милано и една во Националната галерија во Лондон. Го отсликува моментот кога Исус се открива пред двајца апостоли по своето воскресение. Лондонското верзија е насликана во 1601 година – пет години пред сликата во Милано. Исус е прикажан без брада, на мрачна и празна позадина. На крајот на масата има кошница со храна, за која се смета дека го претставува светот доведен на работ. Покрај тоа, сенката со форма слична на риба го претставува молчаливиот код на раните христијани.

Моцарт на 6 години – Пјетро Антонио Лоренцони, 1763 година

5_105

Се претпоставува дека оваа слика на мал музички гениј содржи неколку симболи на слободните масони – една од рацете на Моцарт е скриена, што укажува припадноста на уметникот кон братството и дури алудира за неговото конкретно ниво во хиерархијата. Сликата се наоѓа во Меѓународниот музеј на Моцарт во Салцбург.

- Реклама -