Да се биде Муса Муса – најбогатиот човек на сите времиња

286d3d663db14738d4e0b78d27db3f08[1]

Последниве години, република Мали е жариште на граѓанска војна меѓу владините сили, побунетите Туарези и џихадистите на Ал-Каеда, секој против секого. Како резултат на тоа, половина од жителите се сиромашни. Но, во својата историја, поточно во 14-от век, таа земја имаше владетел кој и ден денес важи за најбогатиот човек што некогаш живеел.

Муса Муса, или крал Муса I од Мали, од доаѓањето на власт во 1312 година, го проширил своето царство на цели или делови од низа денешни држави: Мавританија, Сенегал, Гамбија, Гвинеја, Буркина Фасо, Мали, Нигер, Нигерија и Чад. Градел џамии, универзитети и го потикнувал развојот на науката, особено на математиката и астрономијата. Сепак, Европа ќе го забележи неговото постоење дури во 1324-та, но со добра причина.

Таа година, Муса I тргнал на аџилак во Мека – пат долг речиси 7.000 километри. Неговите службеници, послугата, помошниците, работниците, војниците, робовите – сочинувале поворка од вкупно 60.000 луѓе. Како што пишуваат хроничарите од тоа време, караванот се протегал од еден до друг крај на хоризонтот.

camel-caravan-in-libyan-desert-wallpaper[1]

Околу 12.000 од нив биле робови, а секој од нив носел, меѓу останатото, и по две кила злато. Секоја од 80-те камили носела по 25-150 килограми златен прав. Попат, Муса I ги дарувал сиромашните. Секој петок плаќал изградба на нова џамија. Масовно купувал секакви сувенири и толку се расфрлал со богатството, што во Каиро предизвикал тешка инфлација на златото и поскапување на животните намирници.

Цела деценија му требаше на Каиро за да се опорави од таа инфлација, иако Муса Муса при враќањето увидел дека нештата испаднале поинаку отколку што замислувал и имал намера, па почнал да го откупува златото назад, и тоа со висока камата. Тоа бил првиот и единствениот пат кога еден единствен човек успеал да предизвика таков финансиски потрес на Медитеранот и пазарот на злато (и тоа без принтање на пари или дигитални бројки без покритие, нели).

Муса I бил толку значаен што на својата карта го има забележано, поточно нацртано лично него, Каталонскиот атлас – најважниот земјописен документ од 14 век во Европа, која тогаш се препелкала во политички кризи, епидемии, била под инвазија од Истокот, била страшно господарски заостаната, необразована и слично.

Умрел во 1337 година, во 25-тата година од владеењето, на возраст од 57 години. Мавзолеите, универзитетите и џамиите кои ги изградил постојат до денешен ден. Тимбакту денес е урбанизирано и е метропола затоа што такво го направи Муса I уште во негово време. Неговото царство се распаѓа дури во 17-от век.

- Реклама -