Пред да знаеме за прдежите

Feeling-Bloated-and-Fat_1-1024x680[1]

Пред да знаеме за прдежите

Прдежите се непорекливо смешен дел од реалноста на човековото постоење. Сепак, до скоро, поточно до 1975-та, не знаевме многу за нив. Не дека тогаш ги измисливме, ама медицинските професионалци во тоа време не беа убедени дека постои доказ дека „ексесивната флатуленција“ (преголемата надуеност“ е предизвикана од „ексесивен интестинален гас“ (вишок гасови во цревата). Баш со овие зборови се послужи докторот по медицина Мајкл Д. Левит, кој направи нешто што шокира многу повеќе од генералното незнаење околу „испуштањето ветрови“ во тоа време – истата година Левит спроведе експеримент во кој им пумпаше аргон (гас) во газовите на луѓето.

До 1975, Левит објави и уште еден труд (во The New England Journal of Medicine), во кој го опишува експериментот. Неговите 18 пациенти имале многу гастро-интестинални симптоми како што се гасовите и подуеноста. А сепак, имале нормален волумен на гас во цревата. Можеби, мислеа научниците, ќе реагираат лошо на вишок гасови? И така 18 луѓе завршија напумпани со аргон (аргонот веројатно бил избран бидејќи нема да реагира со нивните сопствени цревни гасови, којзнае). Потоа прдежите на пациентите биле „квантитавно собирани во серија од 100-милилитарски шприцови и биле анализирани со гасовна хроматографија“.

Замислете:

„Во рок од 15 до 20 минути од почетокот на инфузијата на гасот, контролните субјекти ослободуваа гас преку ректумот на интервали слични на интервалите на инфузија на гасот, и тие (субјектите) обично чувствуваа многу мал пропратен дискомфорт. Спротивно од ова, 13 од 18 пациенти пријавија сериозен дискомфорт при инфузијата на гасот, а кај 6 субјекти болката беше од таков интензитет што инфузијата мораше да биде прекината… Оваа зголемена болка е асоцирана со абнормалности во транспортот на гас преку цревата, со тенденција да пренесуваат гас побавно отколку преку ректумот, и со тенденција зголемените количини на инфузивот да се повлечат од цревата назад во стомакот“.

На кратко, Левит „открил“ (1) дека луѓето прделе со исто темпо со кое тој им пумпал гасови и (2) дека боли кога гасовите одат во погрешен правец.

Young Businessman Using Wireless Headset

Како и да е, оваа чудна, ама легитимна студија, ги потврди личните искуства на д-р Валтер Алварез, кој напиша дека „кога мислев дека сум полн со гас, немаше трага од него во цревата, а кога се чувствував удобно, рентгенограмите некогаш покажуваа дека спленичната флексура (на слезинката) е забележливо растегната“. Слично на ова, во серија од преку 400 рутински абдоминални рентгенограми кај здрави лица, големите акумулации на гас не биле придружени со стомачен немир. Па така, изгледа дека човечките тела не се баш добри во тоа да проценат кога и колку вишок гас имаат, и кога да го „луфтираат“.

Левит се појавува пак во 1998, во еден случај со „екстремно подуен пациент“, кога стариот добар доктор за прдежи ќе заклучи дека пациентот голтал премногу воздух, па затоа имало толку прдење. Излегува дека составот на гасот може да ти каже од каде доаѓа гасот: ако има премногу азот, значи дека голташ воздух, а јаглеродниот диоксид, метанот и водородот најчесто се дел од гасот создаден во цревата.

Уште едно откритие вредно да се спомне е тоа дека лошата репутација на гравот е незаслужена: кај помалку од половина од луѓето е забележано зголемување на подуеноста после јадење грав. Соодветно на тоа, кај луѓето на контролни диети се забележува 3% до 11-процентно зголемување на прдењето. Според авторите, „важно е да се препознае дека постои индивидуална варијација во реакцијата на различните типови мешунки/грав“.

- Реклама -