Пола (и кусур) за милионерите, пола за сите останати

original[1]

До 2020-та година, милионерите ќе контролираат повеќе од половина од светското богатство, се наведува во новиот извештај на Boston Consulting Group Global Wealth. Се очекува најбогатите милионери да заработат најмногу.

Бројот на домаќинствата во светот кои поседуваат милиони, во 2015 се зголеми за 6%, на 18.5 милиони домаќинства. Сепак, тоа е помал раст за 11 проценти во споредба со 2014-та година.

Сега милионерите контролираат 47% од богатството во светот, а до 2020-та година овој процент ќе достигне 52%, се наведува во извештајот.

Најсилен раст на глобалните милионери во 2015-та година се гледа во Азија, без Јапонија, каде милионерите се зголемиле за 17% до 3,6 милиони домаќинства. Потоа доаѓа Западна Европа со 11% раст до 3,9 милиони, бројот на милионерите во Латинска Америка пак се зголеми за 7% до 400.000.

Северна Америка го оствари најслабиот раст во однос на сите региони, па бројот на милионерите се зголемил за помалку од 1% до 8,4 милиони домаќинства. За споредба растот во 2014-та година беше од 9%.

Сепак САД продолжува да имаат најмногу милионери – 8 милиони луѓе. Кина е на второ место со 2,1 милиони, следена од Јапонија – 1,1 милиони, и Велика Британија со 961 илјади.

Земјата со најмногу домаќинства кои поседуваат милиони, по глава на жител – т.н. густина на милионери е Лихтенштајн, каде 19% од домаќинствата се милионери. Швајцарија е на второ место со 15%, проследено со Бахреин – 13%, и Катар – 12,7%. САД се на деветтото место со 6,5%.

Генерално приватното богатство во светот порасна за 5,2% во 2015-та година до 168 илјади милијарди долари. Тоа забележува забавување во однос на растот од 7% во 2014-та година.

Во следните пет години се очекува богатството да се концентрира уште повеќе во рацете на богатите, па дури и во оние на најбогатите.

- Реклама -