Дрвениот спејс шатл на Русите

WOODEN-SHUTTLE[1]

На стариот дел на пистата Жуковски на рускиот аеродром Раменскоје, лежи еден стар руски вселенски шатл, направен целосно од дрво. Остаток е од руската вселенска програма „Буран“, кога беше користен како модел во ветерен тунел, со цел подобрување на постоечкиот и проучување на нов аеродинамичен дизајн. Моделот е директен производ на трката со САД на полето на развивање на реупотреблив вселенски шатл, која се одвиваше во 1980-тите.

tail-of-shuttle[1]

Репликата е изработена со висок степен на деталност, што беше неопходно за извлекување на што поголемо знаење околу тоа како идните летала би требало да се движат во воздухот. Овој модел не е ни единствениот – дури 85 такви беа направени за време на развојот на дизајнот на вистинскиот шатл. За жал, прототипот на американскиот Enterprise подоцна се покажа како подобар, па наводно Русите ги моделираа идните шатлови според неговиот дизајн.

inside-abandoned-shuttle[1]

Репликата е во размер 1:3 со оригинално предложениот дизајн на шатлот. Вселенската програма Буран беше масивна и комплексна и ја чинеше Русија многу пари, а откако резултираше со само еден безекипажен лет, во 1993-тата беше затворена. Дрвениот модел на Жуковски останува можеби последниот спомен од заборавената вселенска програма.

nose-wooden-shuttle[1]

- Реклама -