Како Швајцарија го отфрли “марксистичкиот сон”

Little swiss town with gothic church on Lake Lucerne and Alps mountain, Switzerland.

Швајцарија е првата земја во светот која гласаше дали да има “безусловен основен приход” – загарантирани средства кои ги добиваат сите швајцарски државјани од владата, без разлика дали работат или не. Буквално, гласаа за тоа дали сакаат државата да им плаќа што се живи.

Идејата беше отфрлена со 78% од гласовите. Уште прелиминарните резултати покажуваа дека референдумот нема шанси да успее. Формулацијата на прашањето – за промени во Уставот кои воведуваат “безусловен основен приход, што ја гарантира благосостојбата на постоење и учеството на целото население во јавниот живот” – беше премногу нејасно за да добие мнозинска поддршка. Критичарите на идејата, меѓу кои и Владата, тврдеа дека тоа би внело хаос во економијата на земјата. Други пак ја нарекоа идејата “марксистичкиот сон”. Сепак, со гласањето Швајцарија покажа дека никој нема да добие бесплатен ручек.

Поголемиот дел од Швајцарците уживаат висок стандард на живот, во земја со висока стапка на вработеност. Според Организацијата за економска соработка и развој, 80 отсто од луѓето на возраст меѓу 15 и 64 години работат, што е над просечните нивоа од 66%, а должината на животот изнесува 83 години. Просечниот еднократен приход од глава на жител е 35 952 долари годишно, па затоа и идејата за основен приход не наиде на голема популарност, колку и нам да ни изгледа лудо.

Сепак според швајцарскиот систем, референдум може да биде свикан ако 100 000 гласачи потпишат петиција со повик за промена. Така секоја група на луѓе која собрала соодветен број потписи, може да поднесе предлог на гласање. Иницијативата за воведување на безусловен основен приход започна пред нешто помалку од три години.

Што претставуваше швајцарскиот референдум?

Со него швајцарските граѓани одлучуваа дали да обезбедат основен приход за сите граѓани, односно 2 500 швајцарски франци или околу 2 550 долари месечно за возрасни и околу 625 долари за деца. Гласањето на референдумот целеше кон тоа да се одлучи дали да биде додадена клаузула за основен приход во Швајцарскиот устав во прилог на постоечката мрежа за социјална грижа.

Позитивното гласање ќе значеше „амин“ за парламентот да обезбеди детален план за спроведување на одлуката. Тоа би значело сите да добиваат базна сума месечно, така што ќе можат финансиски да се справат при промена на работното место, да се грижат за болен роднина или новороденче.

_89877107_235d896a-84a8-45f3-b4bd-5f3a2f063d24

Какво значење има оваа иницијатива?

Свеста за основниот приход расте, а пропорционално расте и поддршката за идејата. Основната цел на швајцарската кампања беше едукативна. Референдумот предизвика интерес и разговори низ целиот свет.

Анкета на DemoScope во јануари 2016 година покажа дека 59.100 лица до 35 години веруваат дека основниот приход ќе стане реалност. Младите масовно ја поддржуваат идејата за безусловен основен приход, што го прави политичка веројатност во следните децении.

Идејата добива се поголема популарност во светот

Меѓу најпознатите поддржувачи на безусловен основен приход се професорот по економија од Принстон и нобеловец Ангус Дијтен и еден од основачите на Facebook Крис Хјуз.

Нееднаквоста во приходите станува сè поочигледна, а сè помалку луѓе имаат пари со кои ќе ги реализираат сите потреби.

Економистите и бизнис водачите, кои го поддржуваат основниот приход, тврдат дека преку него светот може да се избори со сиромаштијата, а истовремено со тоа да се создаде силна средна класа, со оглед на тоа што кај сите ќе биде забележан пораст на приходите.

Во јадрото на темата се парите – кој ги има, кој ги добива за да ги троши и како сиромашните и луѓето од средната класа да живеат со повеќе приходи.

Иднината на работните места

Во април стотици луѓе облечени како роботи, протестираа низ улиците на Цирих, повикувајќи на воведувањето на безусловен основен приход поради зголемената загуба на работни места како последица на автоматизацијата.

Многу луѓе во Силиконската долина се согласуваат со “роботите” во Цирих: безусловниот основен приход е клучен за иднината на работните места при зголемена автоматизација на работата. Основниот приход би помогнал за создавање на иновации, овозможувајќи им на луѓето да преземат ризици, да започнат свои бизниси и да ја напуштат работата која не е соодветна за нив.

roboti

Ако понудиш бесплатен ручек, сите ќе побараат

Според критичарите на идејата тоа би создало тотален хаос. Според нив, пукнатината во врската помеѓу завршената работа и заработени пари би имала негативен ефект врз општеството. Лузи Стам од десната швајцарска Народна партија, се спротистави на идејата.

„Теоретски, ако Швајцарија беше остров, одговорот би бил “да”. Но, со отворени граници е сосема невозможно, особено имајќи го во предвид високиот животен стандард во Швајцарија”, вели тој.

Стам додава дека ако му нудиш секому швајцарски пари, ќе се појават милијарди луѓе кои ќе се обидат да се преселат во Швајцарија, бидејќи ако почнеш да подаруваш бесплатен ручек, секој ќе бара парче од питата.

Критичарите ја нарекуваа иницијативата “марксистички сон”, предупредувајќи дека високите трошоци и луѓето кои ја напуштаат работата, ќе предизвикаат економски хаос. Освен тоа самата формулација на прашањето, како што велат, била нејасна – се бараат промени во уставот за обезбедување на безусловен основен приход, но без да се зборува за какви суми станува збор.

Швајцарија е првата земја која се обидува да протурка ваква идеја, но сигурно е дека нема да биде последната.

Темата се разгледува и во други земји. Владата во Финска размислува да обезбеди основен приход за 8000 лица од заедниците со ниски примања. Холандскиот град Утрехт ќе започне со реализација на сличен пилот проект од јануари, следната година.

- Реклама -