Home Култура Музика Бек издаде револуционерен музички албум

Бек издаде револуционерен музички албум

0

Сигурно се сеќавате на Бек Хансен, пејачот што во 1994 го издаде мега хитот Loser и кој ја плени публиката со својот невообичаен музички стил. Деновиве, тој издаде нов албум, кој има потенцијал да смени целата индустрија…

На промотивниот сајт за албумот е наведено: „Во времето на модерната вина и информации, новиот албум на Бек се појавува во речиси заборавена форма – дваесет песни кои постојат само како индивидуални нотни листови, никогаш претходно издадени, ниту снимени“. Токму така, новиот албум на Бек постои само во форма на ноти.

Но, зошто овој потег е револуционерен? Па, да ги разгледаме импликациите што албумот на Бек ќе ги има во ерата на дигитални информации, создавање содржина, инстантно споделување и социјални мрежи.

Покана за сите

Нотните листови се покана за сите љубители на музиката да снимат своја верзија од песните. Инспирацијата е во нотите, во пакувањето на албумот, но стилот и начинот на кој ќе бидат отсвирени останува на имагинацијата на индивидуалните музичари.

Содржината ќе се рашири како шумски пожар

Со оглед на тоа што не се работи за песни во дигитален формат, тие сигурно нема да собираат прав на некои хард-дискови. Сите музичари коишто ќе ја прифатат поканата од Бек, да извадат своја верзија од песните, ќе сакаат да го споделат сработеното со светот. Ќе видиме огромен број видеа на YouTube, нови фан-страници на Фејсбук, ќе се твита, ќе се споделува. Сето тоа значи – огромна, бесплатна промоција.

Огромна љубопитност

Бек нема снимено официјални верзии на песните. Тоа значи дека сите фанови што ќе сакаат да ги чујат песните, едвај ќе чекаат некој неофицијален бенд да ја извади првичната верзија. Дури и ако бендот е ужасен, потоа ќе сакаат да го споредат делото со некое следно. И сè така додека сите заинтересирани не извадат своја верзија од делото на Бек.

Победа над пиратеријата

Материјалот од Бек не е дигитален, туку на хартија, па според тоа не може да се симне, туку мора да се купи. Секако, можеби уште првиот купувач ќе скенира нотните листови и ќе ги сподели и тоа е во ред, но за вистински да имате парче од историјата за себе, нешто што веројатно еден ден ќе стане колекционерски предмет, со прекрасно пакување во боја, едноставно мора да го купите од продавница.

Кој нема да отиде на следниот концерт на Бек?

Под претпоставка дека за некое време, Бек ќе организира концерт, кој не би отишол за да ги види песните во негова, лична изведба, откако ги чул испеани од стотици други музичари? [BECK & McSWEENEY’S PRESENT BECK HANSEN’S SONG READER COMING IN DECEMBER 2012]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here