Видео игрите што предизвикаа скандали (+18)

farcry3

Во денешно време политичарите и не особено образованите претставниците на медиумскиот простор обвинуваат игрите за сè. Рахитис, силување, (само) убиство, недостаток на социјален живот затъпяване … И нормално – тоа е новата жртвено јагне за проблемите на нашето општество, која го зазема местото на книгите, филмовите и музиката.

Во годините не едно и две титули успеаја да го растресат јавниот простор. Значи во овој материјал ќе разгледаме токму оние игри кои скандализирани светот – со или без причина – преку својата содржина …

Во денешно време (макар што изгледа како стигмата да се стишува), некако згодно е да се обвинуваат видео игрите речиси за сé и сешто. Рахитис, силување, (само)убиства, недостаток на социјален живот, оглупавување… По книгите, филмовите и музиката, видео игрите станаа новото жртвено јагне на проблемите на нашето општество.

Така, во текот на годините, не беше мал бројот на наслови што ја потресоа јавноста, со или без причина. Наведените во продолжение се токму од тие игри што предизвикаа скандали со својата содржина.

Doom

Првиот first-person шутер, кој навистина го зграби вниманието на општеството. Од една страна – ги постави основите на жанрот кои ги познаваме и ден денес. Од друга – Doom беше (фигуративно) распната на крст заради „демонските слики“ во играта. Не еднаш или двапати ја нарекуваа „симулатор за масовни убиства“.

Уште полошо – Doom беше набедена за главен виновник при масовното убиство во Колумбајн, САД во 1999 година, кога учениците Ерик Харис и Дилан Клиболд – хардкор играчи на Doom, убија 12 деца и еден учител, повредувајќи 21, по што и самите се самоубија. Според некои тврдења, кои подоцна се покажаа како неточни, Харис имал направено специјални нивоа за Doom кои изгледале како училиштето – демек на нив вежбале за вистинскиот колеж.

Manhunt

Првата игра која попи забрана во Велика Британија поради мноштвото садистички елементи кои го содржеше. Во Manhunt, главниот лик може да ги задушува противниците со најлонски кеси, да им зарива ножеви во лицето, да им го разбива черепот безбол палки и слично.

Во 2004-тата, оваа уникатна стелт-акциона игра беше истакната како главна причина за психопатската постапка на 17-годишниот Ворен Лебланк, која нападна и со чекан претепа до смрт едно 14-годишно момче во парк во Англија. Подоцна, во текот на постапката – се утврди дека единствениот човек што ја поседувал Manhunt во целата ситуација е жртвата, а Лебланк постапил во целост по своја волја.

Custer’s Revenge

Во овој платформер наменет за Атари 2600, вие го управувате генерал Џорџ Армстронг Кастер, кој во историјата е запаметен како симбол на геноцидот над домородното население на Америка – Индијанците.

Во Custer’s Revenge тој е вооружен со огромна… ерекција. Целта е да ги избегнете италијанските стрели и плавушите што се обидуваат да ви го скратат… оружјето со ножици, и со тоа да стигнете до крајот на стазата каде ве чека гола надарена Индијанка врзана за столб. За да ги заработите потребните поени треба да ја… „поминете“, и тоа без нејзина дозвола. Океј де, треба да ја силувате.

Сé во едно комбо: порнографија, сексизам, расизам, силување. Има и модерна верзија:

Mortal Kombat

Освен како извонредна игра и по совршено опасните завршни удари (фаталити), Мортал Комбат ќе остане во историјата и како еден од насловите кој доведе до формирање на Entertainment Software Rating Board (ESRB). Со други зборови – формирана беше озлогласената организација чија основна дејност е одредување на рејтингот на забавниот софтвер во САД и Канада.

Resident Evil 5

„Зомби-црнци? Стварно?! Па тоа е чист расизам!“ и слични на овој наслови имаше насекаде по медиумите кои го пречекаа излегувањето на Resident Evil 5 на нож. Смешното е што немаше никаква основа. Resident Evil 5 е само една обична видео игра чие дејство се одвива во Африка и вклучува “црни”, а не “бели” зомби, зашто таму луѓето и пред да станат зомби се, нели, црни. Целиот аргумент против насловот беше најблаго речено – апсурден.

bz

Grand Theft Auto: San Andreas

Поточно, озлогласениот Hot Coffee мод. ОД сам почеток GTA влече контроверзна слава, ама модот „Жешко кафе“ оди чекор понатаму. Модот отклучува инаку недостапни мини игри во GTA:SA, во кои главниот лик Си-Џеј може да има полу-детален секс со своите девојки, при што се вклучени и многу солени реплики.

Следеа низа реакции, бојкотирање на играта од некои комерцијални мрежи, протести, промени во рејтингот и што ли уште не.

Carmageddon

На прв поглед тоа е обична игра во која се натпреваруваш со противнички автомобили на различни локации – град, рудник, индустриски сектор. Сепак, голем дел од играта е тоа што самата игра те охрабрува да ги газиш пешаците што ти се испречуваат на патот, и тоа на мошне спектакуларен начин кој ти носи помалку или повеќе поени.

Очигледно ова со пешациве не е по сечиј вкус, па Carmageddon е забранета во неколку земји, вклучувајќи го и Бразил. Некои сметаа дека решението лежи во тоа наместо луѓе кои експлодираат како балони со крв, да се стават зомби или роботи.

Денес е друго, веќе никој не обрнува внимание на пешаците во игрите.

Mass Effect

Разбрал-недоразбрал, евангелискиот блохер Кевин Меклој ја обвини Mass Effect за содомија. Причината – фактот што Шепард може да гради романтична врска со Kaidan Alenko, Ashley Williams или Liara T’Soni, а кон крајот на играта – и да дојде до секс.

И сето тоа, заради сликата што прикажува вонземјанин.

Меклој побрза да се пожали на својот блог дека „Mass Effect е така направена што играчот може да содомизира што, кого и како и да посака“, а „виртуелното силување е буквално на растојание од еден клик“. Дури и Џек Томпсон – прочуениот анти-GTA настроен адвокат, рече дека во овој случај човекот нема појма што зборува.

Во 2008-ма и новинарката Марта Меклој реши дека е крајно време да се побуни, па се појави во етерот со наслов „SE’XBOX?“. Според неа, Mass Effect „не остава ништо на имагинацијата“ и им дозволува на играчите „секаков вид на нецензуриран секс“, па дури и да избираат што точно да прават за време на чинот. Рамо до рамо со неа, партнерската битка против играта ја тера и психологот Купер Лоренс – притоа и двете изразувајќи дрскост да признаат дека воопшто не ја играле играта.

Подоцна Лоренс, откако набљудува еден гејмер кој ја игра Mass Effect два и пол часа, ја променува позицијата и изјавува дека кога Меклој ја поканила на дотичното предавање, ѝ кажала дека играта е отворено порнографска. Подоцна, кога Лоренс издаде книга, мнозинството читатели на Amazon ѝ ја оценија со 1 од 5, притоа нагласувајќи дека не ја читале книгата, ама им кажале дека била лоша.

Super Columbine Massacre RPG!

Ја создаде Дени Ледон во 2005-тата. Играта ги реконструира токму гореспоменатите трагични настани од 1999-тата годиона во Колумбајн, во форма на 2D ролплеј игра. Во играта управувате со убијците Ерик Харис и Дилан Клиболд, а целта е да го испланирате и да го извршите училишниот масакр. Од разбирливи причини, за промена, играта не беше пречекана со позитивни реакции.

Ледон сепак вели дека немал намера да игра на таа карта и намерно да предизвика скандал и негодување. Наводно, просто сакал да ја искористи компјутерската игра како посредник преку кој ќе покаже што значи да си аутсајдер во гимназијата. И навистина – играта нуди прилично интересна и поинаква перспектива на престрелката.

Super Columbine Massacre RPG! ќе го отвори патот и за други (главно инди) игри кои обработуваат проблематични настани од реалниот живот.

И нормално,

Postal

Во Америка, изразот „going postal“ означува изблик на исклучително силен и неконтролиран гнев кој води кон насилство над останатите (особено на работното место).

Инспирацијата потекнува од 1983-та година, кога работници од локалната поштенска служба извршуваат вистински колеж, убивајќи менаџери, колеги и полицајци.

Сама по себе, Postal не е ништо посебно, ама дефинитивно е уникатна и акциите кои играчот ги има на располагање успеваат да згрозат многумина.

Во Postal 2, која ја замени дводимензионалната перспектива со тридимензионална, насилството стана уште поизразено – можете да претепувате луѓе со лопати, да ги потпалувате живи, да ги соборувате и да им мочате на лицата и што уште не.

Postal e забранета во неколку држави.

* * *

Ова се само дел од списокот на игри кои го скандализираа светот. Тука се и Bully, Leisure Suit Larry, Call of Duty: Modern Warfare 2, Medal of Honor od 2010-та, Night Trap…

Видео игрите ќе продолжат да ги разгоруваат страстите и така ќе биде до моментот кога конечно луѓето (што не ги играат) ќе ја разберат нивната вистинска функција: да бидат забавни, да нé опуштаат, да претстават нова перспектива, да зборуваат за проблематични настани преку хумор, макар бил и црн… а не да нé стимулираат да правиме злодела.

- Реклама -