Како се прават виршли

Едно време идеше на ТВ Едо/ТВ Амазон некоја ваква слична реклама за некоја наша месна индустрија, во која се прикажуваше како се прават виршли, колбаси и салами во црево. Ако добро се сеќавам, тогаш абер немавме дека виршлите се најлошата можна храна: дека се прават од остатоци од месо, дека се полни со адитиви и дека во составот скоро никогаш не ги пишува сите состојки. Исто така се сеќавам дека гледајќи ја рекламата ми се згади животот.

Е па ова видео сметајте го за 10 пати погадно. Следува награда од кило виршли за тој што ќе го изгледа до крај додека јаде… погодивте… виршли.

- Реклама -