Најава за македонски авантуристички филм (видео)

Најава за македонски авантуристички филм (видео)Denivelacija montage е млада филмска продукција која се занимава претежно со снимање екстремни спортови и необични подвизи. Кон крајот на идната година планираат да завршат со снимање на македонски авантуристички филм, кој ќе го задржи вниманието на сите гледачи, како што вели основачот на продукцијата, Здравко Спасев.

Како најава за филмот, беше објавено кусо видео, снимено при едно искачување што членовите на алпинистичкиот клуб Матка го направиле на Маткино Трло, овој ноември. Филмот е производ на долгогодишното присуство на македонските планини, како и некои локалитети надвор од државата, но главно ќе биде фокусиран на претставување на поопасната страна на македонските планини, алпинистичките искачувања по карпи, на мраз, а дел од филмот ќе се фокусира и на институционалниот дел на алпинизмот и огромниот подем кој овој спорт го доживува во последниве неколку години.

Најава за македонски авантуристички филм (видео)Со Здравко Спасев поразговаравме сосема накусо, но вети дека кога ќе излезе филмот ќе има поопширно интервју. За филмот ни кажа дека ќе се снима со повисок квалитет од вообичаено, ќе бидат вклучени снимки од хеликоптер, од параглајдер, снимки направени во прво лице при качување на мраз, но и при слободно возење со скии на непристапен терен. Приказната ќе биде многу динамична и сигурно ќе го задржи вниманието на луѓето кои се фасцинираат од природата. До излегување на филмот, погледнете ја кусата најава:

{vimeo}32717681{/vimeo}

- Реклама -