Кога мажите најмногу ги привлекуваат жени со облини

Кога на работа не им цветаат рози, а финансиската состојба им е нестабилна, мажите сакаат нешто да зграпчат во раце. Имено, најновите истражувања покажуваат дека во стресните животни периоди мажите повеќе ги привлекуваат жени со облини.

Така, кога ситуацијата на работното место не им е сјајна, тие поверојатно би ја одбрале покрупната Кристина Хендрикс отколку слабата Анџелина Џоли.

Психолозите од лондонскиот Универзитет Westminster спроведоа истражување во кое учествуваа 80 мажи со нормална телесна тежина. Една половина од испитаниците учествувале во интервјуа чија цел била да ги изнервираат, за потоа тие да се чувствуваат загрижено и несигурно. По интервјуто, мажите од двете групи гледале фотографии од жени со различни телесни фигури.

Иако ниедна група мажи не покажала одбивност кон ниедна жена на фотографиите, сепак, се воспоставило дека на мажите во таканаречената стресна група многу повеќе им се допаѓале жените со изразени облини. На мажите во групата која не била изложена на стрес, попривлечни им биле слаби жени.

Психолозите сметаат дека во ситуации на стрес, на мажите повеќе им се допаѓаат жени со облини бидејќи тие делуваат позрело, а токму зрелост им е потребна кога социјалните и економските околности не им се сјајни.

– Физичката зрелост е поврзана со способноста за справување со тешки ситуации. Атрибутите на крупните жени на мажите им делуваат како симболи на моќ, контрола и независност. Токму тие квалитети се оние кои се потребни во тешки околности – појаснил д-р Вирен Свами.

Исто така, тој додал дека привлечноста очигледно не е постојана и непроменлива категорија, туку на неа влијаат многу социјални фактори. [Kad se muškarci najviše pale na žene s oblinama?]

- Реклама -